Достапни линкови

Поплави ги уништија земјоделските производи во Прилепско


Поплави во Прилепско
Поплави во Прилепско

Земјоделците од прилепското село Чепигово останаа без својата реколта со пченица, пченка и јачмен поради поплавите што го зафатија селото. Причина за поплавите се неисчистените речни корита.

Горан Дебрешлиоски од прилепското село Чепигово живее од земјоделство. Егзистенцијата на неговото семејство е условена од квалитетот на родот. Досега вели, како-така минувал добро, сепак во маката нешто останувало колку да се преживее, да се врзи крај со крај во месецот, особено во периодот на долгите зими. Но, годинава тој е многу исплашен. Стравува дека целата реколта со пченица, пченка, со јачмен ќе остане, ќе скапи по нивите кои поради поплавите што веќе трет пат го зафатија атарот на селото Чепигово
Куќата ни е во вода,пондилите, крави, едно друго, се е во вода,спас не гледаме освен да се исчисти коритото. Штетите се огромни, и житарици и со куќиве,и со крави... помош нема никаде
наликуваат на оризови полиња.

,,Куќата ни е во вода,пондилите, крави, едно друго, се е во вода,спас не гледаме освен да се исчисти коритото. Штетите се огромни, и житарици и со куќиве,и со крави..помош нема никаде."

Но, со истите проблеми се соочуваат речиси половината од вкупно 50 семејства во Чепигово, а сите без исклучок ке претрпат огромни штети на земјоделските култури.

,,Од страна на жито, на пченица не можеме па ни 50 килограми на декар да најдеме. Штети, па 90% штети ќе имаме. "

,,Нас ни е поплавено 80-90%, што значи јачмен, пченица, сите посеви се поплавени. Втор пат е, првиот пат беше малку помалку поплавено, сега е катастрофа вистинска, дури и пониските куќи во селото се загрозени и поплавени."

Реагираат Борче Ртоски и Зоран Дебрешлиоски, двајцата од Чепигово. Но, под вода се атарите и на другите три соседни села: Загорани, Тројкрсти и Пашино Рувци. Оваа состојба е последица на неисчистени канали на реката што тече низ градот и минува низ овие села.

,,Четириесет години нема државата инвестирано ни 10 денари во расчистување на каналот. Десет години тука се креваше песок од насипите, никој не можеше никого да го спречи и една е причина што водата не ја собира во коритото."
Четириесет години нема државата инвестирано ни 10 денари во расчистување на каналот


Вели Драган Мицкоски од Загорани.Жителите се секаваат дека порано имале механизам со кој што сами го одржувале нивото на водата во реката.

,,Порано беше дозволено кој сака од луѓето, да си сечи од дрвата, да се чисти, да се средува, но сега ни забранија, шумска полиција иди, за една гранка ако те фати, ќе те казни 600-700 евра. Што значи не можеме, ни сами да го исчистиме, иако можевме тоа да го сториме."

Незадоволен вели Ртоски. Сите жители бараат прилепската локална самоуправа и Владата да преземат итни мерки за санирање на оваа состојба, а воедно ќе бараат отштета за посевите кои се посеани на преку 300 хектари обработливо земјиште.
Градоначалникот Марјан Ристески вели дека чистењето на речните канали е во ингеренции на Водостопанското претпријатие, а од таму поради презафатеност надлежните не одговорија како и кога ќе се решава овој акутен комунален проблем.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG