Достапни линкови

Тачи: Косово, никогаш поблиску до ЕУ и НАТО


Хашим Тачи, премиер на Косово
Хашим Тачи, премиер на Косово

Косово денеска одбележува две години од независноста. 65 земји го признаа, но противењето на Србија, Русија и Кина е пречка да стане членка на Обединетите нации. Во интервју за Радио Слободна Европа косовскиот премиер Хашим Тачи вели дека еден од приоритетите е спроведување на стратегијата за интегрирање на северот на Косово.

Две години по прогласувањето на независноста Косово е во процес на јакнење на државните институции, вели косовскиот премиер Хашим Тачи во интервјуто со Арбана Видишиќи од косовската редакција на Радио Слободна Европа. Според него, Косово е на сигурен пат кон евроатлантските интеграции.

„Пред две години Косово прогласи независност, доби статус на независна, суверена и демократска земја и денес слободно можам да кажам дека Косово доби и европска перспектива која му е понудена од Европската комисија.“

За две години косовската независност ја имаат признато 65 земји. Премиерот Тачи оценува дека успехот на Косово на меѓународен план не се мери според бројот на земјите кои го признаа, туку според за кои земји станува збор. ,,Признавањето од светските сили ја зацврсти државата,, вели Тачи, додавајќи дека натамошното признавање е забавено поради процесот пред Меѓународниот суд на правдата што го покрена Србија:

„Верувам дека и пред одлуката на Меѓународниот суд ќе дојдат нови признавања. Сакаме да веруваме дека одлуката на Судот ќе биде во согласност со реалната состојба на Косово.“
Косово никогаш не е било поблиску до интегрирање во НАТО и Европската унија. Тоа е наша заклетва, визија и цел и набргу ќе биде рализирана. Косово многу брзо ќе биде дел од НАТО и Европската унија...

Еден од приоритетите на внатрешен план, според Тачи, е воспоставување на владеењето на законите на целата територија, особено во северниот дел за што е подготвена стратегија за негова интеграција.

„Решителни сме во ваквото ангажирање и покрај сите пречки со кои би можеле да се соочиме во овој важен процес за стабилноста и економскиот развој на земјата.“

Изјави Тачи, наведувајќи дека во тој правец ќе бидат употребени сите законски и демократски механизми. Сепак, тој не посочи никакви конкретни датуми кога би можело да дојде и реализација на стартегијата. Тачи како клучна цел ја посочува европската интеграција и притоа оценува дека Косово за само две години постигнало многу таа и да биде остварена:

„Косово никогаш не е било поблиску до интегрирање во НАТО и Европската унија. Тоа е наша заклетва, визија и цел и набргу ќе биде рализирана. Косово многу брзо ќе биде дел од НАТО и Европската унија.“

Вели во интервјуто за Радио Слободна Европа премиерот на Косово Хашим Тачи, а по повод двегодишнината од косовската независност.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG