Достапни линкови

Младински клуб „Проактив“ во Куманово


Куманово
Куманово

За подобро организирање на средношколската младина и на онаа до 25 годишна возраст, во Куманово се отвори Младински клуб „Проактив“. Клубот ќе биде место за собирање на сите етнички заедници.

За подобро организирање на средношколската младина и на онаа до 25 годишна возраст, во Куманово се отвори Младински клуб „Проактив“. За профункционирање на клубот вклучена е соработка на Центарот за неформално образование „Триаголник“ и Детската фондација „Песталоци“од Скопје, Хуманитарната организација „Мајка“ и локалната самоуправа од Куманово и ОБСЕ. Младинскиот клуб „Проактив“ според Мирјана Ѓорговска од „Триаголник“ ќе биде место за собирање на младите од сите етнички заедници.
И нивното учество во разни активности во знаењето и вештините,како што се разни тренинзи,спортски активности,размена на икуствата на младите


,,И нивното учество во разни активности во знаењето и вештините,како што се разни тренинзи,спортски активности,размена на икуствата на младите."

Младинскиот клуб во Куманово кој е и прв од таков вид во општината ќе ги запознава и поттикнува младите на волонтерството вели Лидија Илиевска од Хуманитарното здружение „Мајка“.

,,Благодарение на „Триаголник“ од Скопје, локалната самоуправа која ја отстапи просторијата на месна заедница ќе ги активира младите од средните училишта и возраст до 25 години. Во сите активности се промовира волонтерската работа на младите и преку тоа нашата заедница многу ќе придобие,а младите полесно ќе си го најдат своето место во локалната заедница."

Виктор Цветковски претседател на Општинскиот совет во Куманово вели дека соработката со невладините здруженија и со ОБСЕ е од поодамна, а според него најбитно е:

,,Проект за младинска соработка, оној кој што просветните работници од Општината Куманово успешно го поминаа и со ова младите ќе имаат свое катче за соработка и размена на искуствата за побрз и подобар напредок во иднина."

Вели Цветковски.
Младинскиот клуб кумановската младина ќе ја насочува кон конструктивно поминување на нивното слободно време, преку работа и воспоставување контакти со младите не само од земјава,туку и надвор од неа. За сега ова е прв и единствен младински клуб во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG