Достапни линкови

Јанукович прогласи победа


Поразителен пресврт на украинската Портокалова револуција. На вчерашните претседателски избори, според првичните резултати, победи прорускиот кандидат Виктор Јанукович, човекот кој пред пет години со масовни протести беше соборен од власта. Тој веќе ја прогласи својата победа и побара од ривалот Јулија Тимошенко да поднесе оставка на премиерската функција.

Виктор Јанукович беше негативецот на Портокаловата револуција во 2004 година, кога неговата изманипулирана победа на претседателските избори поттикна стотици илјади украиници да излезат на улиците што пак доведе до поништување на резултатите.

Но, по пет години заткулисни пресметки меѓу лидерите на Портокаловата револуција, поранешниот комунистички лидер официјално се чини е подготвен на драматичен пресврт особено откако првичните резултати покажаа дека тој има предност од помалку од 3 проценти пред неговиот ривал, хероината од Портокаловата револуција и сегашен премиер Јулија Тимошенко.
Претседателски избори во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

Во седиштето на изборниот штаб во Киев, Јанукович им упати честитки украинците за неговата победа.

,,Верувам дека можеме да го преземеме првиот чекор кон обединување на земјата. Тоа ни е најважно и тоа ни треба.,,

Главната порака на Јанукович не е во она што го кажа туку на јазикот на кој тоа го стори: руски, а не украински. Јанукович излезе од
Верувам дека можеме да го преземеме првиот чекор кон обединување на земјата. Тоа ние најважно и тоа ни треба...
анонимност во 2004 година кога тогашниот претседател Леонид Кучма го посочи како негов наследник. Тоа Москва веднаш и отворено го поддржа.

Оттогаш, 59 годишнниот Јанукович се обидуваше да се позиционира како централна фигура во Украина и затоа своите говори најчесто ги оддржуваше на украински. Неговото враќање на рускиот јазик, е потврда за неговата поддршка која доаѓа главно од индустриската источна Украина, каде што повеќето жители се за подобри врски со Русија. Резултатите покажуваат дека електоратот е поделен речиси на половина меѓу источниот промосковски и западниот дел на земјата, каде што луѓето се за интегрирање во Европската унија и каде што многумина одбиваат да зборуваат руски. Тимошенко не го призна поразот, најавувајќи борба за секој глас.

,,Убедена сум дека има повеќе од оние што гласаа за европска, демократска, силна Украина од оние што на таков начин не гледаат на земјата.,,

Доколку резултати и конечно бидат потврдени, тие ќе претставуваат шокантен пораз за Тимошенко, која водеше кампања како единствен гарант на демократските придобивки од Портокаловата револуција.

Некои сметаат дека Тимошенко, доколку загуби, би можела и судски да ги оспори резултатите или пак да повика на втора Портокалова револуција. Но, според оценките, Украинците сега се длабоко разочарани од тогашните водачи на револуцијата бидејќи не успеале да ги остварат ветувањата за справување со корупцијата и за економски реформи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG