Достапни линкови

Уставниот суд под притисок?


За власта Уставниот суд е партиски инструментиран, за опозицијата власта врши притисок врз судот. Според експертите, Уставниот суд е на ниво на задачата, а проблемот го лоцираат во брзото носење закони.

Вршат ли политичарите притисок врз Уставниот суд или пак Уставниот суд носи партиски одлуки. За власта судот е партиски инструментиран, за опозицијата -власта врши притисок врз судот. Експертите пак сметаат дека Уставниот суд е на ниво на задачата и
Живееме во време на партиски диригиран Уставен суд.
работи за зачувување на правниот поредок. Претседателот на Уставниот суд замоли да нема притисоци од било каков вид врз судот. Неодамна премиерот Никола Груевски го нарече Уставниот суд партиски диригирана институција.

„Живееме во време на партиски диригиран Уставен суд. Кога имате таква ситуација, кога немате нормално и професионално работење на Уставниот суд, кога дел од тие судии одлучуваат според тоа како ќе им шепнат од партијата која ги назначила и кон која чувствуваат одредена припадност, тоа не мора да е со членска карта, до тогаш ќе имаме вакви протести, проблеми, ќе имаме штета во државата. Тоа е тоа.“
Брза кучка слепи кучиња раѓа. Секогаш инсистирањето набрзина да се направат некои работи оди на сметка на квалитетот


Обвинувањата на сметка на Судот доаѓаат по укинувањето на некои одредници на неколку закони, од страна на Уставниот суд. За пратеникот на СДСМ, Владо Бучковски една од причините за укинување на одредниците на законите лежи, меѓу другото, и во брзото носење на законите:

„Брза кучка слепи кучиња раѓа. Секогаш инсистирањето набрзина да се направат некои работи оди на сметка на квалитетот.“

Бучковски сепак смета дека брзото носење на законите не се прави намерно
Постои правило во правото, кога закон се донесува, а не одговара на состојбите, интересите, потребите на граѓаните секогаш имаме расчекор меѓу правното уредување и односите што ги имаме

„Се прави од незнаење отколку од намера да се заострат дополнително релациите за Уставниот суд.“

За професорот по уставно право Осман Кардиу, Уставниот суд си е на нивото на задачата која ја има, односно да го брани уставниот поредок на државата. А причината за тоа што се укинуваат повеќе законски одредби, според Кадриу лежи во тоа што законите се носат на брзина без да се консултира стручната јавност и да се истражи конкретната состојба.

„Постои правило во правото, кога закон се донесува, а не одговара на состојбите, интересите, потребите на граѓаните секогаш имаме расчекор меѓу правното уредување и односите што ги имаме. И во тие случаи еве добар дел од законите навистина не одговараат на нашите состојби, а со тоа немаат и уставна подлога.“

Претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски призна дека има притисоци но дека тоа било како и во секоја друга професија, и затоа замоли да нема притисоци од било каков вид и од било кого.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG