Достапни линкови

Ќе се вадат стари мини од Охридското Езеро


По подводното снимање, маркирање на локациите и нивно одбележување со сигнални бови на водната површина, поставени на околу 50 до 100 метри оддалеченост од езерскиот брег во строгиот центар на Охрид кај градското пристаниште, се е подготвено за почеток на акцијата за вадење на неексплодираните убојни средства што на дното на Охридското Езеро како потенцијално опасен експлозив лежат уште од Првата и Втората Светска Војна.

По подводното снимање, маркирање на локациите и нивно одбележување со сигнални бови на водната површина, поставени на околу 50 до 100 метри оддалеченост од езерскиот брег во строгиот центар на Охрид кај градското пристаниште, се е подготвено за почеток на акцијата за вадење на неексплодираните убојни средства што на дното на Охридското Езеро како потенцијално опасен експлозив лежат уште од Првата и Втората Светска Војна. Во акцијата што ја изведува Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, а ја финансира Американската влада со 160 илјади евра, е вклучен специјално обучен тим за подводно деминирање со нуркчи од Охрид, опремени со најсофистицирана опрема, донација од САД, кои ќе работат под специјално обезбедување и надзор на странски супервајзори.
Пред пет години лоциравме неколку места каде што постојат неексплодирани мини кои досега претставувале преголема опасност
Акцијата за расчистување на Охридското Езеро ќе започне на просторот околу градското пристаниште, а во следниов месец ќе продолжи во Пештани и на уште две локации на Охридскиот и Струшкиот дел од крајбрежјето, каде има неексплодирани мини, бомби, минофрлачки гранати од најразличен калибар и други остатоци од експлозивни средства. Искусниот нуркачки тим во акцијата го предводи меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид Милутин Секуловски-Мичо, кој во три децениското нуркачко искуство, има откриено многу интересни подводни локалитети со археолошки богатства, потонати бродчиња, но и старо оружје и сандаци со мини во Охридското Езеро.

-Пред пет години во Охридско Езеро лоциравме неколку места каде што постојат неексплодирани убојни средства и кои да не речам дека досега претставувале преголема опасност. Морам да подвлечам дека тие мини датираат од Првата светска војна, и досега за среќа немало никаков инцидент, но во секој случај не е пријатно тие да се гледаат, а посебно, бидејќи повеќето од нив се активни-живи минско-експлозивни средства,може да дојде и до несакани последици.

Вели Секуловски, учесник во акцијата за расчистување на Охридското Езеро од минско-експлозините средтва, кои стотина години лежат во плитките делови од крајбрежните туристички локалитети, каде се капат луѓето и пловат бродовите,чамците и скутерите, но во поново време немало инциденти предизвикани од минско-експлозивните средства кои по вадењето или ќе се деминираат, уништат или ќе се одложат и чуваат на безбедни места. Пред две и пол години слична акција, но од помал обем беше изведена во стариот дел од Охрид, каде нуркачите пронајдоа 150 стари пушки,кубури и остатоци од оружје во езерото од 18 и 19 век, фрлени по една акција за разоружување на локалното население по Илинденското востание.

-Јас мислам дека тоа оружје било фрлено од страна на властите во Охрид, веројатно бидејќи е старо. Требало да се носи на претопување, а тогаш во Охрид немало леарница и најверојатно затоа е фрлено во езерото на поширокиот простор од Сараиште до Канео на длабочина од седум до осум метри. Најинтересен меѓу подводните пронајдоци беше реткиот примерок нпушката "Дебранка" или "Далјанка", долга два и пол метри, која треба да се конзервира. Досега конзервиравме извесен број на кубури, и доколку се одобрат средства од министерството за култура, ќе продлжиме со конзервацијата.-

Вели историчарот од Охридскиот завод и музеј Никола Целакоски, кој го подготвува старото оружје од Османлиското време што сега е во музејското депо за изложување пред јавноста. Најновата акција за отстранување на неексплодираните убојни средства од Охридското Езеро, што е под покровителство на Меѓународниот заштитет фонд за деминирање и помош на жртви од мини треба да придонесе со расчистувањето на езерското дно од потенцијално опасните средства средства, тоа да е побезбедно за капење, рекреација, пловидба и други подводни активности.
XS
SM
MD
LG