Достапни линкови

Средба Милошоски-Друцас


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Денеска во Лондон се среќаваат македонскиот министер за надворешни работи Милошоски и грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас. На средбата, ќе стане збор за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија.

Во Лондон министерот Антонио Милошоски попладне ќе има средба со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас по завршувањето на меѓународната конференција посветена на идната политика на НАТО во Авганистан. На средбата, која е на иницијатива на македонското МНР, ќе стане збор за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија.
Значи тоа е за да се потурнат преговорите напред. Од самиот состанок мислам дека неможе ништо спектакуларно да се очекува, ниту пак од најавениот состанок на премиерите
Може да се каже дека ова е добар почеток на преговориет кои се застанати во контекст на тоа што двете страни се изложени на многу сериозен притисок од стрна ан ЕУ да се зафатат со решавње на проблемот оценува професор Денко Малевски во врска со очекувањата од истата.

,,Значи тоа е за да се потурнат преговорите напред. Од самиот состанок мислам дека неможе ништо спектакуларно да се очекува, ниту пак од најавениот состанок на премиерите, меѓутоа ако се направи некаков пробив тоа е навистина една добра работа."

На средбата Милошоски-Друцас претходеа активности на двете земји кои го канат медијаторот Метју Нимиц да ги посети нивните држави, но и двајцата министри излегоа во јавноста со песимистички изјави со кои мегусебно се обвинуваат дека позициите околу решението на спорот со името се максималистички. Професорот Владимир Божиновски смета дека песимизмот во изјавите не е нереален.Грција која е главниот кочничар и го користи спорот со името за свои потреби со средбата и други иницијативи сака да ја подобри таа слика за себе, вели Божиновски.
Грчката страна сега сака на некој начин да ја прикаже нејзината позиција и нејзините ставови во подобро светло и иницира продолжување на процесот на преговори


,,Грчката страна сега сака на некој начин да ја прикаже нејзината позиција и нејзините ставови во подобро светло и иницира продолжување на процесот на преговори. Така што мислам дека ова е повеќе проформа."

Средбата која отвора пат за деблокирање на преговориет кои се водата со посредство на Нимиц и Обединетите нации според Малевски треба да се гледа во насока на највената претстојна посета на Нимиц и на тоа евентуално тука во тие предлози кои се на маса да се најде нешто прифатливо за грчката и за македонската страна,да се одбликираат преговорите со Нимиц и да се види што од тие предлози може да се измени, да се модифицира, да се види што македонската страна за неа смета дека е прифатливо. Но, во секој случај тежок е патот до тоа, коментира Малевски:

,,Ние треба да видиме со што македонската страна може да излезе. Јас мислам дека се додека не се отвори една внатрешна дебата меѓу партиите, тоа ќе значи дека сеуште Владата не успеала да издејствува од другата страна нешто што таа го смета за прифатливо."

Попладне во Лондон се очекува на разговорите да стане збор и за подигнувањето на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина, за потпишување договор за избегнување двојно оданочување, како и за отворање нови гранични премини меѓу Македонија и Грција, иницијативи кои шефот на македонската дипломатија ги покрена на средбата со Друцас кон крајот на минатата година во Атина, на маргините на министерската конференција на ОБСЕ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG