Достапни линкови

Македонска нордиска репрезентација на ОИ во Ванкувер


На Зимските олимписки игри, кои од 12-ти до 28-ми февруари ќе се одржат во канадскиот Ванкувер, македонската нордијска репрезентација ќе настапи со најбројна екипа досега. Во Канада ќе имаме по еден натпреварувач во машка и во женска конкуренција.

На Зимските олимписки игри, кои од 12-ти до 28-ми февруари ќе се одржат во канадскиот Ванкувер, македонската нордијска репрезентација ќе настапи со најбројна екипа досега. Во Канада ќе имаме по еден натпреварувач во машка и во женска конкуренција, а големи се шансите за уште еден претставник во дисциплината бијатлон, за каде имаме исполнето две А олимписки норми. Тоа им успеа на Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски, кои во актуелната сезона постигнаа најдобри резултати, на огромно задоволство и на селекторот на нашата нордиска и бијатлон репрезентација Ѓоко Динески.
Нашите натпреварувачи се во добра форма, посебно Дамјановски и Ицоски, Кировска е млада натпреварувачка која ќе дебитира на ОИ меѓутоа и тој деби настап мислам дека ќе биде солиден


,,Сигурно дека сум задоволен затоа што резултатите што ги пласираа Дамјановски и Ицоски се можеби и најдобрите во историјата на овие спортови, и двајцата остварија индивидуални олимписки норми во бијатлон, а со тоа практично ги зацврстија нивните позиции за учество во светскиот куп на бијатлон."

Изјави Динески, кој е задоволен и од прикажаното во нордиско скијање. Сепак, во оваа дисциплина, поради многуте откажани трки и недоволно квалитетната конкуренција на натпреварите на кои настапивме, нашите адути не ја исполнија А нормата. Интересно, токму во нордиските натпревари ни е загарантирано учеството на Росана Кировска и на еден претставник во машка конкуренција, додека поради лимитираниот број учесници во бијатлон, за наш настап на тие трки чекаме да се откаже некој од оние зад кои се наоѓа првиот адут, Дамјановски. Најавите се дека тоа и ќе се случи, а проценките говорат дека токму во бијатлонот имаме шанси за подобар резултат.
Со оглед на дефинираните квоти за учество во бијатлон, 88 машки и 87 женски, мислам дека пласманот некаде на 70 место би бил одличен резултат за нас


,,Нашите натпреварувачи се во добра форма, посебно Дамјановски и Ицоски, Кировска е млада натпреварувачка која ќе дебитира на ОИ меѓутоа и тој деби настап мислам дека ќе биде солиден. Очекувам во наредните денови да биде потврдено и нашето учество во бијатлон, така што поголемата надеж сепак ја имам во оваа дисциплина."

Додаде Динески, според кого успех ќе биде ако на Олимпијадата обезбедиме пласман околу 70-тото место.

,,Со оглед на дефинираните квоти за учество во бијатлон, 88 машки и 87 женски, мислам дека пласманот некаде на 70 место би бил одличен резултат за нас бидејќи сепак 18 репрезентативци, ако успееме да ги оставиме зад нас, тоа е сериозен пласман."

Истакна на крајот селекторот Ѓоко Динески, кој заедно со своите избраници, до патот за Ванкувер, покрај тренинзите во Крушево и Маврово, ќе има уште три натпревари во Македонија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG