Достапни линкови

Почнува лустрацијата во судството


До сега во процесот на лустрација се лустрирани 60 државни функционери. Од денеска, почнува лустрацијата во судството. Луѓето што учествуваат во процесот не се сомневаат во нејзината успешност.

Луѓето што учествуваат во процесот на лустрација не се сомневаат во нејзината успешност. Службениците што подлежат на лустрација треба да достават нотарски заверена писмена изјава деке не биле соработници на тајните служби. Потоа, Комисијата за лустрација ја проверува точноста на овие изјави, во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, Службата за безбедност и разузнавање, Агенција за разузнавање и Архивот на Македонија. Претседателот на Комисијата за лустрација Шпенди Винца вели дека имаат одлична соработка со сите четири институции.

Дел од луѓето што биле на високи раководни функции во МВР, деновиве во јавноста сведочат дека воопшто не е тешко да се изнесат досиеа и доверливи документи од министерството.
И трети лица може да достават документи, досиеја до комисијата и комисијата по службена должност мора да ги провери тие информации кои доаѓаат од третите лица.

Тоа го отвора прашањето, дали има можност доказите за нечија соработка со службите да бидат уништени, променети или изнесени од МВР. Пратеникот Стојан Андов од Либералната партија е иницијатор на процесот на лустрација во Македонија. Тој вели дека при изработката на законот од сите стручни луѓе бил убедуван дека може да има изнесени фотокопии, но дека сите документи се наоѓаат во МВР. Дури и ако некој документ е уништен, не може да се уништи доказот дека документот постоел, вели Андов.

„Редок случај тоа може да биде многу, некој документ да е однесен, ама е во матичната книга, во која се водат сите документи, заверени се тие под број и од тоа може да се види каде е документот и кога исчезнал, па да си носи одговорност тој.“

Претседателот на Комисијата за лустрација, Винца, пак, вели дека секој може да достави документи до нив.
Некој може да се дрзне и нешто да се обиде да прави, затоа што сигурно после ќе страда, затоа што не е секогаш истата власт, таа се менува.

„И трети лица може да достават документи, досиеја до комисијата и комисијата по службена должност мора да ги провери тие информации кои доаѓаат од третите лица.“

Андов вели дека е лесно да се дојде до документите, ако се постапува по законот.

„Некој може да се дрзне и нешто да се обиде да прави, затоа што сигурно после ќе страда, затоа што не е секогаш истата власт, таа се менува.“

За оние што поттикнуваат или прикриваат или бришат информации следува казна затвор до четири години. Винца вели дека токму предвидените високи казни се гарант дека никој нема да се осмели да манипулира со податоците.

„Мислам дека никој нема да преземе таква одговорност и да врши прикривање на податоци.“

Тој вели дека врз Комисијата не се врши притисок од никого.
Денеска почнува лустрацијата во судството. Се лустрираат судиите, правобранителите и обвинителите. До сега се лустрирани шеесетина високи функционери, меѓу кои и шефот на државата, претседателот на Собранието, премиерот и министрите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG