Достапни линкови

Дневен печат - Латас шпион или не?


Низ дневните весници доминира темата околу тоа дали уредникот на ТВ Сител и на дневниот весник ,,Вечер" Латас, работел за српската тајна служба или не? На оваа тема која ја наметна ,,Време" се приклучува и ,,Утрински Весник" донесувајќи анализа за процесот на лустрација во Македонија.

Дали новинарот на Сител ТВ работел за српската тајна служба или не? Ова е топ темата во домашните медиуми во изминативе денови што ја наметнаа весникот ,,Време,, и А1 ТВ. Во продолжението на сапунската опера ,,Латас ,, истиот весник објави дека ,,Уредникот на Сител и на дневниот весник ,,Вечер,, експресно извади потврда дека не е шпион,, и дека ,,Македонското МВР го плакне Латас за српските врски.,, ,,Време,, го објавува и демантот од Латас и неговите контраобвинувања дека текстот во ,,Време,, бил објавен по нарачка на Љубе Бошковски и Ден Дончев. Истиот весник ги објавува и обвинувањата на Бошковски дека пријателствувањето на новинарот со премиерот Груевски значело дека Латас ја креирал политиката во Македонија. ,,Утрински,, следејќи ја аферата, пишува дека ,,Новинарите се самолустрираат,, и почнуваат да го чистат сопствениот двор. Во истиот, пак, текст весникот го објавува и мислењето на Горан Митевски во врска со резултатите од првиот лустрациски бран во кој се проверени изјавите на 61 функционер според кои не е откриен ниту еден кодош во државава, дека Комисијата за лустрација нема увид во сите документи на УБК, бидејќи документите и' биле селективно презентирани. Клучот за објективна оценка на дадените изјави лежи во Управата за безбедност и контраразузнавање, го цитира ,,Утрински,, поранешниот директор на Управата, Митевски. ,,Утрински,, ги пренесува изјавите на неименувани високи извори од ВМРО-ДПМНЕ дека вонредни избори сепак ќе имало, но не напролет, туку наесен, бидејќи очите на ЕУ во наредните 6 месеци ќе биле вперени во нас поради најавите на Шпанското претседателство дека ќе работи на решавање на спорот. Истиот всник го пренесува ставот на ДПА дека учењето на македонски јазик од прво одделение, што со одлука на Министерството за образование почна од почетокот на второво полугодие, била неуставна и дека Партијата ќе бара од Уставен да ја укине. ,,ВМРО-ДПМНЕ се пишмани за терасите,, ја насловува ,,Дневник,, информацијата дека само три недели по примената на Законот за заштита од пушење пратениците на владејачката партија ќе поднесат предлог за дозвола за пушење во отворените угостителски објекти. ВМРО-ДПМНЕ омекна, на летните тераси ќе се пуши, објави и ,,Утрински,,. ,,Пушење само од март до октомври,, објави ,,Нова Македонија,, за истиот предлог за измена на постојниот закон што ќе го предложи партијата на власт. Голем интерес кај медиумите предизвика и пристигнувањето на неколку камиони на царинскиот терминал во Скопје од Фиренца со некои од спомениците предвидени за главниот град и незнаењето на градоначалникот на Центар, Тодоровиќ, за кои споменици станува збор. И покрај тоа, ,,Лавовите и Даме пред Александар,, ја насловува информацијата ,,Време,, а ,,Утрински,, пишува дека ,,Два лава од идниот месец ќе го чуваат мостот ,Гоце Делчев,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG