Достапни линкови

Бојкот на наставата по македонски јазик


Второто полугодие за основците Албанци започна со бојкот на наставата по македонски јазик. Министерството за образование останува на ставот дека одлуките треба да се почитуваат и дека настава мора да има.

Министерот за образование и наука, Никола Тодоров неодамна изјави дека е непоимливо и по малку неодговорно од тие што на локално ниво треба да го раководат образованието да повикуваат на бојкот на образовниот процес. Тој изјави дека ќе се труи да не
Најавата од самите наставници во првите одделенија што ги учат децата, дека родителите секој ден ќе протестираат и нема да ги пуштаат своите деца на часовите по македонски јазик,
дозволи учениците да загубат ниту еден ден од наставата во второто полугодие . Дел од партиите и претставници на невладиниот сектор пак во целата ситуација гледаат можност за нови етнички тензии.

В.Д. Директорот на гостиварското основно училиште „Башкими“ во кои родителите собраа повеќе од 14 илјади потписи дека несаакаат нивните деца да учат македонски во прво одделение вели дека денеска не се одржувале часовите по македонски .

„Најавата од самите наставници во првите одделенија што ги учат децата, дека родителите секој ден ќе протестираат и нема да ги пуштаат своите деца на часовите по македонски јазик,“

вели директорот Јамин Ука

И во Струга директорите на училиштата се договориле да нема настава, вели градоначалникот , Рамиз Мерку од ДУИ, коалициониот партнер во Владата. Тој незнае до кога ќе има бојкот на наставата.
Тоа не зависи од нас, тоа зависи од министерот, министерството и владата кои донесоа таква одлука. Јас кажувам дека нема да учат.


„Тоа не зависи од нас, тоа зависи од министерот, министерството и владата кои донесоа таква одлука. Јас кажувам дека нема да учат.“

Сулејман Рушити од НД кој беше и поранешен министер за образование вели дека тајмингот на почеток на овој проект е лош.

„Ако некој смета дека со ова се релаксираат меѓуетничките односи мислам дека е спротивното, оваа дневно политичка одлука на ВМРО ДПМНЕ е јасен сигнал до Албанците дека во оваа држава единствен службен јазик е македонскиот јазик.“
Мислиме дека сето тоа се прави можеби да се испровоцира одредена тензија и сето тоа се прави во период кога најмалку е потребно. Земјата се наоѓа во многу чувствителен период

Од опозициската СДСМ велат дека зачудува то ашто колиционите партнери наеднаш отвараат ваква чуствителна тема.

„Мислиме дека сето тоа се прави можеби да се испровоцира одредена тензија и сето тоа се прави во период кога најмалку е потребно. Земјата се наоѓа во многу чувствителен период,“

вели Андреј Петров од СДСМ

Како поддршка на родителите кои нескаат нивните деца да учат македонски од прво одделение, застанаа и неколку невладини организации. Вањон Бела од „Реалите“ вели декаа зад сето ова има политика.

„Сега имаме позиционирање и на политичкиот фактор. Сега и самиот ДУИ сака политички да профитира од оваа условно кажано криза.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG