Достапни линкови

Помош за решавање на спорот со името?


Може ли некој да им помогне за решавање на спорот? Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу
Може ли некој да им помогне за решавање на спорот? Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу

Домашната стучна и политичка јавност смета дека иницијативите и нудењето помош и посредништво за решавање на спорот за името со Грција го покажуваат интересот на меѓународната јавност за побрзо решавање на тој спор. Сепак, никој конкретно не објаснил во што би се состоела таа помош.

Последната понуда за помош во решавањето спорот дојде вчера од словенечкиот премиер Борут Пахор. Претходно и министерот за надворешни работи на Австрија Михаел Шпинделегер изјави дека неговата земја сака да се понуди како посредник во спорот меѓу Македонија и Грција.

Премиерот Никола Груевски и по вчерашната средба со неговиот словенечки колега Пахор повтори дека за Македонија секоја помош е добродојдена.
Може во билатералните контакти особено со грчката страна да го изразат тој интерес, да дадат веројатно и некои други предлози, варијанти и формули за изнаоѓање решение што може да го олеснат посредувањето и на медијаторот Нимиц. Јас навистина очекувам да се интензивира малку тој процес на разговори.


„Во наредниот период ќе правиме максимални обиди и напори да дојдеме до одредено решение кое ќе го деблокира процесот на европски интеграции на Република Македонија и евро атлантски интеграции и во тој контекст ние сме подготвени да прифатиме сечија помош, доколку може од некаде да дојде.“

Речиси на иста линија е и потпретседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев. Тој ги смета овие понуди како добронамерни. Заев вели дека секоја прилика треба да биде искористена, но не сака да коментира на кој начин би можело да и се помогне на Македонија.

„Не би сакал да навлегувам во деталите, затоа што секогаш сме оквалификувани како попречувачи. Односно, многу лошо бевме коментирани од премиерот и затоа нема да коментирам детали.“

Професор Димитар Мирчев вели дека иницијативите за решавање на спорот се за поздравување, но не е голем оптимист дека тие може многу да помогнат.

„Може во билатералните контакти особено со грчката страна да го изразат тој интерес, да дадат веројатно и некои други предлози, варијанти и формули за изнаоѓање решение што може да го олеснат посредувањето и на медијаторот Нимиц. Јас навистина очекувам да се интензивира малку тој процес на разговори.“

Иако, понудите за помош и посредништво во спорот меѓу Македонија и Грција доаѓаат од повеќе страни, досега никој конкретно не објаснил како може да помогнат и во што би се состоела таа помош.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG