Достапни линкови

Минатата година најцрна за Охрид


Потонатиот брод ,,Илинден" во Охридското езеро
Потонатиот брод ,,Илинден" во Охридското езеро

Четирите убиства, осумте самоубиства, 15-те обиди за труење со таблети и несреќните инциденти меѓу кои најтрагичен беше бродоломот на Илинден со 15 жртви-туристи од Бугарија, минатата година ја запечатија како една од најцрните за Охрид.

Четирите убиства, осумте самоубиства, 15-те обиди за труење со таблети и несреќните инциденти меѓу кои најтрагичен беше бродоломот на Илинден со 15 жртви-туристи од Бугарија, минатата година ја запечатија како една од најцрните за Охрид. Масакрирањето на брат од брата си на монструозен начин поради семејни проблеми, усмртувањето на сопствената мајка со каменување од син поранешен убиец, убиство на жена од мажот и љубовница од љубовникот поради љубомора и трите самоубиства со давење во Охридското Езеро, ја згрозија Охридската јавност и внесоа немир кај ѓраѓаните за безбедноста и цената на човечкиот живот.
Симптоматично е тоа што некои од убиствата се случија со невидена суровост и во кои навидум мирни луѓе посегнаа по животите на своите најблиски


,,Симптоматично е тоа што некои од убиствата се случија со невидена суровост и во кои навидум мирни луѓе посегнаа по животите на своите најблиски. Во последно време сметам дека многу лесно се посегнува по човечкиот живот итоа поради навидум банални причини. Сепак сметам дека причините се многу подлабоки и произлегуваат од нерешени меѓучовечки односи кои тлееле долго време. Убијците често се нереализирани личности заглавени во материјални и емотивни проблеми. За жал, во овој период на транзиција кој трае предолго има многу луѓе кои сопствените проблеми не успеваат да ги решаваат на разумен начин. Особено ме загрижува тоа што можеби потенцијалните убијци и самоубијци живеат до нас или со нас,што ни го прави животот несигурен".

,,Сеуште постојат одредени бариери кај луѓето и доколку тие би се надминале и доколку луѓето за одредени свои проблеми би побарале помош од стручните лица и институции, можеби би се намалил бројот на ваквите дела. Тоа особено е загрижувачко за помали средини
Секако дека надворешните фактори и случувања и долгиот временски период на нерешеност на личниот статус, или изненадното губење на работната позиција, а уште повеќе егзистенцијата, како најсилен фактор, се примарни мотиви
како Охрид, каде луѓето сеуште чувствуваат некаков срам од себеси и околината доколку побараат помош од институциите, кои ми се чини дека превентивно треба повеќе да работат особено со ранливите категории граѓани потенцијални сторители на ваквите дела."

Оценуваат Охриѓани. Психолозите сметаат дека луѓето со насобрана фрустрација и тензија од нерешениот статус и долготрајните проблеми за кои не гледаат решение, кои во основа се личности со прикриена патологија, во одредени ситуации посегнуваат по ирационални решенија и потези и од латентни стануваат реални убијци.

,,Човекот со нормален психички склоп има и темна и светла страна на своето однесување, она што е негативно и она што е позитивно. Секако дека надворешните фактори и случувања и долгиот временски период на нерешеност на личниот статус, или изненадното губење на работната позиција, а уште повеќе егзистенцијата, како најсилен фактор, се примарни мотиви. Решавањето на егзистенцијалното прашање и обезбедувањето финасиски средства за семејството се фактори што имаат многу голема моќ и јачина и можат да делуваат разорно врз одредени личности кај кои границата меѓу темната и светлата страна во нивната психа е многу порозна."

Вели доктор Лилјана Баткоска, професор по криминалистичка психологија на Факултетот за туризам во Охрид, која подвлекува дека секаде и секогаш имало убиства и крвни деликти, но тоа треба да е аларм за државата дека е крајно врме во сите институции, фирми и школи, да обезбеди стручни служби со психолози, социолози и психијатри кои работејќи тимски треба да им се достапни на вработените и учениците, за совети и помош во превенирање и спречување на злосторствата со фатални последици по животите на луѓето.
XS
SM
MD
LG