Достапни линкови

Може ли да се реши црковниот спор?


Соборен храм
Соборен храм

Интензивна црковна дипломатија кај останатите помесни православни цркви за признавање на Македонската православна Црква. Ова е мегу најважаните обврски за македонските владици за следната година кои не отстапуваат од автокефалноста.

Интензивна црковна дипломатија кај останатите помесни православни цркви за признавање на Македонската православна Црква. Ова е мегу најважаните обврски за македонските владици за следната година кои не отстапуваат од автокефалноста. Митроплитот на Препанско пелагониската епархија Петар изјави дека е потребно и другите сестрински православни цркави да бидат известени и да дадат согласност за признавање на автокефалноста на една помесна православна црква и оти за тоа зборува и фактот дека за ова беше разгварано и на последната седница на светска православната конференција кога конкретно беше прецизиран став по тоа прашање. Апсолвирњето на прашањето на овој начин е попозитивно за нас вели Петар.
Зашто нам ниту една црква од помесните православни цркви не ни рекла дека не сака да не признае или не ги исполнуваме условите, туку не упатуваат на СПЦ, која е најповикана да ја предложи нашата црква на Вселенската Патријаршија и на сите помесни православни цркви, дека условите за автокефалност на МПЦ се исполнети


„Зашто нам ниту една црква од помесните православни цркви не ни рекла дека не сака да не признае или не ги исполнуваме условите, туку не упатуваат на СПЦ, која е најповикана да ја предложи нашата црква на Вселенската Патријаршија и на сите помесни православни цркви, дека условите за автокефалност на МПЦ се исполнети.“

Нашето прашање за признавање на автокефалноста треба да се гледа од тој аспект дека ние ги имаме сите критериуми да бидеме православна црква и оти никој не може да оспорува дека сме ги ссполниле условите. Единствен проблем е прашањето со името на држаавта кое се рефлектира и кон црквата. Тоа значи оти прашењето е политичко а не црковно За тоа зборува и фактот дека и вселенскиот патријарах на опелото на погребението на српскиот патријарх Павле го спомна нерешениот статус на МПЦ со укажување дека тоа ке биде во должност на новоизбраниот патријарах на српската црква да го разреши тоа прашање што не стигнал во негово време да го реши Павле.

„Значајно е да се реши прашањето за името на Македонија. Затоа што во прашањето е повеќе вмешана и политиката. Повеќе цркви се под грчко влијание, Вселенската Патријаршија, Атинската, Кипарската...“

изјави Алексанадар Трајановски од Институтот за национална историја.
По Нова година Српскиот синод ќе го избира новиот патријарх. Со ваквиот рзавој на настаните прашање е дали во скоро време СПЦ и МПЦ ќе најдат заедничко прифатливо решение за спорот со статусот на МПЦ Т Од друга страна заменик претседателот за надворешни работи на Руската црква Николаи Балашов предложи како обид за признавање со терминот самостојност.

„Многу е значајно каков став ќе заземе Московската црква. Терминот одговара на автокефалност, но не е исто. Таа не сака тоа да го даде, затоа што сеуште го нема решено прашањето за Украинската Православна Црква. Таа не сакаше да им даде автокефалност и даваше лабава автономија и со тоа не им го решаваше прашањето.“

вели Трајановски.
Во меѓувреме нерешениот спор мегу МПЦ и СПЦ предизвикува емоции во кои се инволвираат полтикаат лугето и дрве дражави За екпертите Проблемот е дали правослвите се држи до принципите изгардени во вековите.

„Тука не мислам на тесното сфаќање на црквата како институција и поврзување со оној клерикарен дел,“
вели Ристо Солунчев од Филозофскиот факултет во Скопје Инаку освен допрецизирање на имието годинава се смени и Грбот на црквата. Веќе и официјално нов симбол на грбот е црквата Света Софија,.Според теолозите придобивката за МПЦ со овој потег е двојна- ќе го заштити терминот Охридска Архиепископија од можните злоупотреби,, и уште поважно, ќе обезбеди подобра позиција во православието каде Македонската православна црква се бори за автокефалност.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG