Достапни линкови

Меѓународниот поредок под прашалник


2009, последна година на првата декада на 21 век би можело да биде запаметена како разочарувачка во врска со лидбералниот меѓународен поредок. Визиите за владеењетo, било да станува збор за таканаречениот идеализам на мускули на САД или за концептот на Европската унија на универзално право за сите држави, како да се повлекуваат.

На крајот од декадата, во светот повторно се врати несигурноста. Економската депресија и политичката нестабилност направија опасен коктел, предупредува британскиот историчар Тони Џад кој притоа ја потенцира корозивната сила на ефектите кои ја донесоа несигурноста во светскиот поредок во текот на триесетите години од минатиот век.

Бранот на оптимзимот кој следуваше по завршувањето на Студената војна изгуби во интензитет, а универзалниот глобален поредок не успеа да ја замени поделбата на светот на два опасни блока. Една од причините е недостигот на лидерство, но и на извршна сила. Најсериозните кандидати Соединетите држави и Европската унија не успеа да се наметнат за таа функција. Идеалите што тие ги промовираа губат основа и добија сериозна конкуренција во Русија, Кина, па дури и Иран.

Соединетите држави од своја страна се соочија со стариот проблем нивните дипломатски напори да добиваат форми на империјалистички обиди. Од друга страна, стратегијата на Европската унија за доброволна трансформација на прв поглед можеби изгледа поветувачка, но по Лисабонскиот договор со кој блокот доби класичен претседател, како и шеф на дипломатијата, европската политика како да се менува.

,,Ние треба да го искористиме овој момент, кој е голем и неопходен. Цврсто сум убедена дека Европа мора да станува се посилна и посилна ако сака тесно да соработува со другите големи актери во светот.,,
Поентата не е дали НАТО ќе продолжи да постои и да дејствува, туку дали ќе ерозира кохезивниот елемент, односно вербата дека НАТО е операционално способна организација поинаква од Европската унија и Обединетите нации...

Вели во интервјуто за Радио Слободна Европа еврокомесарот за надворешни работи во заминување Бенита Фереро Валднер. Во декември во Брисел пак, шефот на шведската дипломатија Карл Билд изјави дека има барање за посилен глас на Европската унија во светот, особено меѓу силите во развој во Азија, Африка и Латинска Америка.

Хавиер Солана кој 10 години беше еврокомесар вели дека Унијата е ембрион на модел за тоа како земјите би требало да го делат суверенитот во светот кој е поделен во блокови. Но, Европската унија секогаш се двоуми кога треба и практично да ги примени инструментите со кои располага.

Антонио Мисироли, директор на Центарот за европска политика во Брисел вели дека Унијата има потенцијал да добие поголема улога на меѓународната сцена, но оти нема да успее во тоа се додека нејзините членки не решат да ги стават настрана нивните индивидулани интереси:

,,Би рекол дека сега има потенцијал, но не и гаранции тоа и да се случи. Тоа најмногу ќе влијае од аранжманите што треба да бидат договорени во претстојните месеци, како и од политичката подготвеност на земјите членки да дејствуваат во тој правец.,,

Вели Мисироли кој притоа посочува дека на европските лидери им недостига поголема харброст за нивните убедувања. Најважно од се е тоа што Унијата можеби може само да се игра со таканаречената тивка дипломатија, бидејќи воопшто нема голем стап за да ги поддржи своите ветувања. А за тоа таа мора да му се обрати на НАТО, а ултимативно и на Соединетите држави. Но, за разлика од Студената војна, Соединетите држави се повеќе своите интереси ги ставаат пред идеалите и ги избираат своите сојузници според нивните можности, а не предубедувања.

Даниел Корски аналитичар во Европскиот совет за надворешни односи со седиште во Лондон вели дека судбината на мисијата во Авганистан нема само да ја детерминира судбината на НАТО:

,,Поентата не е дали тој ќе продолжи да постои и да дејствува, туку дали ќе ерозира кохезивниот елемент, односно вербата дека НАТО е операционално способна организација поинаква од Европската унија и Обединетите нации.,,

Она што ќе биде доведено под прашалник, како што додава Корски, се и другите улоги на НАТО, например Алијансата како форум за политичка дискусија и како гарант на безбедноста на Балканот. Затоа, според него, не ќе биде добро доколку Соединетите држави влезат во изолационизам. Токму таков ризик постои со оглед на можноста Авганистан да се претвори во ноќна мора за Вашингтон.

Тоа, според генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, ќе го пресврти јавноното мислење во Соединетите држави против меѓународната заедница која одбива да го преземе својот дел на одговорноста во Авганистан. Од друга страна, како што забележува Корски, Соединетите држави се соочуваат со растечко несогласување кај муслиманскиот свет. Деновите на таканаречниот либерален интервенционизам полека исчезнуваат. Југославија, Ирак и Авганистан не се формули за експанзија, туку пресвртница во експериментот за кој сега се бара излезна стратегија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG