По преминувањето на пратеници од Либерално-демократската партија во СДСМ претставници на двата политички субјекта оценуваат дека последните случувања нема да влијаат врз позицициите на опозицијата во битката против власта. Иако од ЛДП имаше реакции на остри критики против раководството на СДСМ, во таа партија нагласуваат дека нивниот противник е владата, а Социјалдемократите последните случувања ги објаснуваат како внатрешни проблеми на ЛДП како една од опозициските партии. Став на ЛДП која како партија сака да има понезависна позиција од СДСМ, е дека опозицијата немора да делува во една партија за да укажува на грешките на власта и да нуди свои решенија.
,,Негледам дека ова негативно би требало да се одрази на опозицијата, напротив има луѓе со различни идеолошки определби, некои се можеби повеќе социјалдемократи, одредени се можеби либералдемократи, трети се од десната партија итн... И затоа сметам дека е подобро режимот на Груевски да се напаѓа од повеќе фронтови.,,
вели Роза Топузовска Каровска од ЛДП. СДСМ во меѓувреме имаше средби со десетина опозициски партии во насока на зголемување на опозицискиот фронт, вели Андреј Петров. Причината за сето она што се случува ЛДП треба да ја бараат кај нив самите, а таа партија нема да реплицира на нивните реакции, рече Петров:
,,Не мислиме дека треба да чувствуваме вина, напротив ние се гордееме што истакнати поединци, пристапуваат кон СДСМ и тоа е само доказ за јакнењето на позицијата на СДСМ како главна опозициона партија која е недвосмислено противник на актуелната власт."
Политичкиот аналитичар Здравко Савевски оценува дека нема да има некои големи промени во однос на позицијата на опозицијата кон власта со оглед на последните анкети кои покажуваат дека ЛДП има низок рејтинг, а единствено од опозицијата повисок рејтинг има СДСМ:
,,Според она што се покажа досега, граѓаните даваат поддршка само на двата главни политички субјекти, на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, така што позициите на опозицијата со ова не мислам дека се нешто сериозно ослабени."
Пред десет дена ЛДП ја напушти градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, а во СДСМ премина и поранешниот градоначалник на Велес Аце Коцески. Првиот човек на ЛДП Јово Манасиевски изјави дека преминувањето на нивни видни членови во СДСМ е дел од планот за одмазда на Црвенковски, поради ставовите на ЛДП дека враќањето на Црвенковски нема да и користи, туку напротив, само ќе и наштети на опозицијата. Од СДСМ му порачаа, вината за разочарувањето на нивните членови да ја бара во позицијата која сам ја избрал, да биде и со власта и со опозицијата.
Негледам дека ова негативно би требало да се одрази на опозицијата, напротив има луѓе со различни идеолошки определби. И затоа сметам дека е подобро режимот на Груевски да се напаѓа од повеќе фронтови
,,Негледам дека ова негативно би требало да се одрази на опозицијата, напротив има луѓе со различни идеолошки определби, некои се можеби повеќе социјалдемократи, одредени се можеби либералдемократи, трети се од десната партија итн... И затоа сметам дека е подобро режимот на Груевски да се напаѓа од повеќе фронтови.,,
вели Роза Топузовска Каровска од ЛДП. СДСМ во меѓувреме имаше средби со десетина опозициски партии во насока на зголемување на опозицискиот фронт, вели Андреј Петров. Причината за сето она што се случува ЛДП треба да ја бараат кај нив самите, а таа партија нема да реплицира на нивните реакции, рече Петров:
,,Не мислиме дека треба да чувствуваме вина, напротив ние се гордееме што истакнати поединци, пристапуваат кон СДСМ и тоа е само доказ за јакнењето на позицијата на СДСМ како главна опозициона партија која е недвосмислено противник на актуелната власт."
Политичкиот аналитичар Здравко Савевски оценува дека нема да има некои големи промени во однос на позицијата на опозицијата кон власта со оглед на последните анкети кои покажуваат дека ЛДП има низок рејтинг, а единствено од опозицијата повисок рејтинг има СДСМ:
Не мислиме дека треба да чувствуваме вина, напротив ние се гордееме што истакнати поединци, пристапуваат кон СДСМ и тоа е само доказ за јакнењето на позицијата на СДСМ