Достапни линкови

Медиумите поделени околу прашањето за името


Поделбите испливаа на површина
Поделбите испливаа на површина

Односот кон спорот за името со Грција ги подели медиумите на провладини и опозициски или, пак, само ја избистри поделбата која отсекогаш постолела? Во овие рамки генерално се движат ставовите на нашите соговорници, новинари и комуниколози.

Односот кон спорот за името со Грција ги подели медиумите на провладини и опозициски или, пак, само ја избистри поделбата која отсекогаш постолела? Во овие рамки генерално се движат ставовите на нашите соговорници, новинари и комуниколози.
Новинарот Александар Дамовски е главен и одговорен уредник на весникот Нова Македонија. Тој вели дека поделбата по однос на спорот за името е класичен стереотип кој може да важи и за која било друга тема.
Медиумите и порано беа поделени, но поради специфичноста на прашањето сликата сега е поизбистрена

„Кога некој весник којшто поддржува некој поект и кога уредувачката политика оценила дека тој проект е добар за државата, а сосема случајно во моментот тоа се поклопува со владин проект, било чиј да е, веднаш се лепи етикета за провладини, платени од владата медиуми итн. Истото се случува и сега“

Тој посочува дека на сите медиуми и интелектуалци кои сметаат дека со ваков став на Грција не може да има компромис за името им се лепи етикета дека се провладини. Дамовски вели дека е потребна одредена задршка пред да се окфалификува одреден медиум.

„Можеби сепак се работи за една сериозна анализа на уредувачката политика на тој и тој медиуми којшто оценил дека тука нема место за компромис, без разлика каква е во моментов политиката на одредена влада“

Неговиот колега Мухамед Зекири е главен уредник на информативната програма на телевизијата Алсат-М. Тој вели дека медиумите имаат различни ставови по многу прашања, но оти прашањето за името најмногу испливува на површина и ја истакнува поделеноста.

„Најзаслужен за таквата поделеност на медиумите сигурно е пемиерот Груевски и неговата влада. Затоа што по тоа прашање тој има селективен пистап кон давањето информации за медиумите и тоа го покажува со неговото појавување само на одредени телевизии со што самиот ги етикетира како блиски до владата“

Од друга страна, Дамовски пак вели дека таквата остра поделба им помага на сите што сакаат да манипулираат со јавноста.

„Тоа е така - прост рецепт за прости луѓе, едноставно да кажам и за жал тоа лесно поминува во јавноста“

Комуникологот, професор Весна Шопар пак вели дека медиумите и претходно биле поделени и дека јавноста го прапознава тоа.

„Можеби сега поради специфичноста на прашањето сликата е уште поизбистрена, па граѓаните потранспарентно го гледаат. Инаку, медиумите си беа и претходно поделени“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG