Достапни линкови

Снегот во декември пак не‘ изненади


Споредните улици - замрзнати
Споредните улици - замрзнати

Снегот во декември повторно не изненади. Луѓето се жалат дека тешко се движат по замрзнатите споредни улици и тротоари. Такситите велат дека градот не е подотвен за зимски улови а оние кои на вакви улови треба да работат на отворено велат работата им е отежната. Луѓето се жалат на доцнење на автобуси, на неисчитени тротоари и закочен сообраќај.

Снегот во декември повторно не изненади.Луѓето се жалат дека тешко се движат по замрзнатите споредни улици и тротоари.Такситите велат дека градот не е подотвен за зимски улови а оние кои на вакви улови треба да работат на отворено велат работата им е отежната.Луѓето се жалат на доцнење на автобуси , на неисчитени тротоари и закочен сообраќај.
Тешко е, но мора да се работи. Нам ни рекоа да излеземе во 7 часот и да чистиме, но ова е тврдо и не се чисти


„Се лизга, студи“
„Многу тешко!“
„Народ паѓа, никому ништо“

Дел од тие што се задолжени за чистење на снегот објаснуваат дека да се работи температури под нулата е незамисливо.

„Тоа е тешко, но мора да се работи. Нам ни рекоа дека мораме да излеземе во 7 часот и да го чистиме снегот, а ова е тврдо, не се чисти, но мора да работиме“

Викендов снегот предизвика проблеми во сообраќајот.Во МВР велат дека во последниве два дена се регистрирани 43 полесни сообраќајни незгоди од кои само една кај Демир Хисар однесе човечка жртва и четворица се повредени. Таксистот Тони Цветановски вели дека луѓето не се подготвени за да се движат низ вакви услови.

„Обилните врнежи си го прават своето и има големи колони возила. Едно возило да се излизгла, се запира целиот сообраќај и се прави огромна колона“

Но од друга страна пак Цветановски вели дека во вакви услови таксистите повеќе заработувааат.

„Не сакаат воопшто да возат, да се излизгаат или некој да ги удри нив“

Уличните продавачи на весници се жалат дека прометот зимно време им опаѓа.

„Кој не работел на студено, не знае како изгледа тоа. Некогаш користиме „анрифриз“ но слабо врви работата, опаѓа“.

Во текот на вчерашниот ден во градската болница се примени 13 повредени пациенти. Директорот на градската болница , доктор Виктор Камиловски вели дека од голмразицата се повредуваат и млади и стари луѓе.

„Младте ги испружуваат рацете и директно паѓаат на шаките, додека од постарите имаме примено двајца пациенти со скршеница на колк“

Доктор Камиловски им порачува на постарите луѓе да не излегуваа од своите домови ако немаат потреба или ако мораат повнимателно да се движат по улиците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG