Достапни линкови

Дневен печат - Несогласувања во владеачката коалиција


Дневниот печат - полемички полигон
Дневниот печат - полемички полигон

Дали жените ќе ја растурат владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ? Откако деновиве пратеничката на владејачката партија Николиќ-Мазнева прочита изјава дека ,, За снаите од ДУИ хартијата е калашников, а перото муниција” реагирајќи на острите колумни на Теута Арифи и на Ермира Мехмети за доцнењето во евроатлантските интеграции и немањето демократија во земјава,

Дали жените ќе ја растурат владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ? Откако деновиве пратеничката на владејачката партија Николиќ-Мазнева прочита изјава дека ,, За снаите од ДУИ хартијата е калашников, а перото муниција” реагирајќи на острите колумни на Теута Арифи и на Ермира Мехмети за доцнењето во евроатлантските интеграции и немањето демократија во земјава, медиумите се обидуваат да претпостават како тоа ќе се одрази врз ,,бракот од интерес” меѓу идеолошки различните владини партнери, претпоставувајќи дека преку нив, всушност, зборуваат Ахмети и Груевски.

,,Вечер” смирува, па, во двете последни изданија на насловната страница објавува дека ,,Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изнесе личен став,, и како наслов, изјавата на премиерот Груевски дека Црвенковски се плашел од вонредни избори, при што ги објавува смирувачките изјави од двете партии дека последните случувања не требало да се толкуваат како пораки на Груевски и на Ахмети. ,,Утрински” пак, во текстот со наслов ,,Прв силен удар за коалицискиот брак,, пренесува изјави на неименувани аналитичари дека ДУИ ќе ја напуштела Владата ако до март не се реши проблемот со името и дека Груевски, не можејќи да најде друг албански партнер ќе распишел предвремени избори, а виновникот би го лоцирал во ДУИ.

,,Дневник” забележува дека женските караници помеѓу партнерите во власта и зачестените активности на ВМРО-ДПМНЕ аналитичарите ги читаат како најави за предвремени избори. Весникот го толкува ова затоа што Груевски, коментирајќи го интервјуто на Црвенковски во ,,Утрински,, изјави дека ,,сега не планирам избори”. Тоа ,,сега”пишува ,,Дневник” е прочитано како сигурен знак дека подоцна се' е можно. ,,Нова Македонија” на насловната објавува дека фирмата Линк Медиа Плус го добила тендерот на општина Центар за Новогодишното украсување, потсетувајќи дека против сопственикот Ѓорѓи Вуков лани има кривична пријава од финансиската полиција за затајување на данок и дека истата фирма годинава, покрај овој, ги добила и тендерите на МВР за набавка на панцири, маици со кратки ракави, брендиран материјал.

Речиси сите медиуми објавуваат информации дека Општина Центар во идната година ќе продолжи да троши буџетски пари за споменици и тоа над 6 милиони евра, а оти за споменикот на Александар Македонски и за фонтаната на градскиот плоштад ќе биле дадени дополнителни 4 ипол милиони евра. Медиумите ја критикуваат и идејата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски гранитните плочи на плоштадот да ги замени со старата коцка, по урнекот на Париз. Домашните медиуми пишуваат и дека една по една, на Апелациски паѓаат пресудите за големите афери ,,Змиско око” Тупурковски, Бучковски…и дека се враќаат на повторно разгледување. ,,Вечер” на насловната оптимистички објавува дека бесплатната имунизација против свинскиот грип стартувала успешно, во истиот ден кога ,,Време” објави дека, цитирам, ,,Откако граѓаните се охрабрија да се имунизираат, вакцините се потрошија”.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG