Достапни линкови

Без имотни листови, недостапни ИПАРД програмите


Земјоделците без ИПАРД кредити
Земјоделците без ИПАРД кредити

За ИПАРД Програмата Европски можности за македонското земјоделие во општините Маврово, Ростуше и Центар Жупа има голем интерес , но жителите на овие новоформирани рурални општини тешко дека ќе можат да добијат средства од оваа европска програма. Главен проблем е немањето можности да се добие имотен лист , бидејќи и двете општини не се целосно урбанизирани.

За ИПАРД Програмата Европски можности за Македонското земјоделие во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа има голем интерес , но според заинтересираните , тие како жители на наведените две новоформирани рурални општини , според условите кои треба да ги исполнуваат, тешко дека ќе можат да добијат средства од оваа Европска програма. Главен проблем е немањето можности да се добие имотен лист , бидејќи и двете општини не се целосно урбанизирани.

,, Ние ќе имаме проблеми со добивањето на средства од ИПАРД програмата . Нашава општина не е урбанизирана , а основен документ за поднесуванје на барање за добивање на средства е документ за поседување на имот , а тоа го немаме”

вели заинтересиран жител за аплицирање на овие фондови од општина Маврово Ростуше. Слична е и оценката на жител заинтересиран за средства од оваа програма од општина Центар Жупа . ,, земјоделците тешко дека ќе можат да пристапат до овие средства ,затоа што ќе се соочат со проблемот неможноста да се комплетираат документите. Жупа е рурална општина , урбанизацијата не е завршена а се бара да имаш поседовен И имотен лист. Овие урбанистички документи тешко дека некој од нас ќе може да ги обезбеди во тие предвидени рокови”.

Преседателот на Советот на општина Маврово Ростуше Неџат Исмаили смета дека руралните општини не се во иста позиција со урбаните во однос на добивањето на средства од ИПАРД програмата , И покрај тоа што има многу заинтересирани земјоделци за да користат средства од оваа Европска програма наменета за Македонското земјоделие.

,,Kако рурална општина не сме во можност да учествуваме во оваа програма бидејќи сите знаеме дека новоформираните рурални општини не се подготвени во однос на катастарската документација. Ние не сме во можност како другите поголеми општини каде има урбанизација , да го запазиме дадениот рок за подготвуванје на потребната документација. Ние бараме да се реализира целосно урбанизацијата , а потоа да се даде можност да се аплицира за овие средства”.

Александар Митревски , виш соработник за програма и проценка на ИПАРД фондовите вели дека , општините треба да ја забрзаат постапката за издавање на потребните документи на заинтересираните .

,, Ние како Министерство за земјоделие, шумартство и водостопанство сметаме дека средствата треба да се искористат. Имавме средби со локалните самоуправи и на нив повеќето се изјаснија дека документите кои се потребни на оние кои ќе аплицираат да им се дадат навремено”.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG