Достапни линкови

Oхрид - акција за спас на каналот Студенчишта


Macedonia - Sunset, Ohrid, undated
Macedonia - Sunset, Ohrid, undated

Природниот канал Студенчишта, што ги поврзува надалеку прочуени Билјанини Извори со Охридското Езеро, од култен локалитет за прошетки и релаксирање на граѓаните и гостите и свртилиште на риболовците е претворен во хаотичен простор, за кој никој не се грижи и е оставен да пропаѓа.

Природниот канал Студенчишта, што ги поврзува надалеку прочуени Билјанини Извори со Охридското Езеро, од култен локалитет за прошетки и релаксирање на граѓаните и гостите и свртилиште на риболовците е претворен во хаотичен простор, за кој никој не се грижи и е оставен да пропаѓа. Поради крајно лошата состојба на каналот кој прераснува во депонија на руинирани бродови и кајчиња, спортскиот риболовен клуб Свети Апостол Петар од Охрид од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од владата, побара заштита на каналот Студенчишта и комплексот Билјанини Извори од уништување.
Бараме да се среди каналот и да му се дадат нови содржини атрактивни за туристите. Каналот треба да добие ист третман како и изворите кај Свети Наум


,,Бараме да се среди каналот, односно да се среди неговиот крајбрежен дел и да му се дадат нови содржини атрактивни за туристите. Каналот да добие третман исто како изворите во Свети Наум, затоа што и овие се изворски води. Но наспроти тоа, минатото лето имаше извештај од инспекторот за екологија дека водата овде е од трета категрија, што е срамота. Бараме сите пловни објекти да се тргнат од овој простор, да се дислоцираат и да се направи марина, каде тие ќе се закотват, додека овде треба да пловат само стари Охридски чунови со весла. Сакаме таков третман да добие каналот Билјанини Извори. Бараме тој да се продлабочи, да се осветли предниот дел и да се одбележи каналот, за да не дојде до некоја несакана водена сообраќајна несреќа"

Вели Радован Димитриески од спортскиот риболовен клуб Свети Апостол Петар,што бара да се заштити живиот свет,флората и фауната во каналот, изложени на уништување од горивото на пловните објекти што се чуваат во оваа единствена дива марина во Охрид. Од клубот иницираат изградба на атрактивен аквариум на крајот од каналот кон Хидробиолошкиот институт, со претставување на сите риби што живеат во Охридското Езеро,а до него да има музеј на риболовен алат од праисторијата до сега. Спортските риболовци што со децении се на каналот, реагираат и на несовесните граѓани кои тука одгледуваат кози, овци и кокошки и го узурпираат просторот за приватни цели, но тие сметаат и дека од тука треба да се дислоцираат центарот на армијата и сообраќајната полиција, бидејќи според нив туристите одејќи на плажа не треба да минуваат низ милитарна зона. Од Свети Апостол Петар каде бараат да се изготви комплетен проект за реанимација на каналот и Студенчишкото блато со внимание тоа да нема негативни еколошки ефекти, сметаат дека би било убаво и да се прошири пешачката зона околу Билјанините Извори.

,,Ние сакаме и да се продолжи овој каналот што е кај рибарите и да се прокопа до хотелот Парк. Зошто и таму да нема едно шеталиште за сите граѓани и туристи. Нашите желби се реални, а кога тие ќе се реализираат зависи од тоа каква е нашата грижа за животната средина. Сега ќе бидат достапни и Европските фондови за заштита на животната средина. Како ќе знаеме нив да ги искористиме и да добиеме некои проекти,така побрзо ќе се оствари и нашата цел. Мислам дека секој ќе се сложи со заложбата да се заштити каналот и Билјанини Извори, по кои се препознава Охрид и тоа да биде еден бренд на градот"

Вели Димитриески. Додека се чека реакција на министерствата и државните институции на иницијативата, граѓаните апелираат барем да се расчисти просторот кај каналот Студенчишта, во чија близина е предвидено да изникне нов хотелски комплекс во Охрид.
XS
SM
MD
LG