Достапни линкови

Договорено за што не треба да се преговара со Грција


Лидерска средба кај евроамбасадорот Фуере
Лидерска средба кај евроамбасадорот Фуере

На средбата што ја организираше евроамбасадорот Ерван Фуере, лидерите на политичките партии се договориле - за што не може да се преговара со Грција, а тоа се прашањата сврзани со македонскиот национален идентитет.

,,Вие сте свесни дека главниот проблем со којшто се соочуваме е Грција и дека треба да се фокусираме на тој проблем. Ние тоа ќе го правиме, ќе бараме начин да се дојде до одредено решение”
Вие сте свесни дека главниот проблем со којшто се соочуваме е Грција и дека треба да се фокусираме врз тој проблем


Изјави премерот Никола Груевски по денешната средбата со политичките лидери што ја организираше евроамабасадорот Ерван Фуере и амабасадорот на Шведска во македонија, Ларс Фреден. Но, освен Грција, за Груевски проблем преставува и опозицијата, која според него ја поткопува позицијата за името.

Лидерот на опозиционата СДСМ, Бранко Црвенковски, пак жали што средбата на политичките лидери ја организирале странските претставници, а не премерот или претседателот на Македонија. Црвенковски изјави дека лидерите се договориле за тоа за што не може да се преговара со Грција.

,,Не смее да се дозволи загрозување на македонскиот национален идентитет – промена на името на нашиот јазик и промена на нашиот национален идентитет. Имаше и одредени разлики. Меѓу другото, многу тешко доаѓаме до заклучок а за што тогаш можеме да разговараме”
Не смее да се дозволи загрозување на македонскиот национален идентитет - промена на името на нашиот јазик и на нашиот национален идентитет


На средбата освен домаќините Фуере и Фреден, присуствуваа сите лидери на политички партии, освен Мендух Тачи, лидерот на ДПА.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети повика на политичко единство за решавање на проблемот со името.

,,Сите се согласивме дека не треба да има дефетистички изјави, затоа што постои волја да се продолжи кон изнаоѓање на конструктивно решение од сите страни”

Евроамбасадорот Ерван Фуере рече дека ја свикал средбата за да им ги пренесе на лидерите пораките кои беа доставени на Советот на Европа, а се однесуваат на Македонија.

,,Нашата порака до премиерот и до лидерите на политичките партии беше да работат на остварување на консензус за надминување на постоечките проблеми и за интензивирање на контактите со Грција за да може да се дојде до взаемно прифатливо решение”

Фуере порача дека ЕУ , сака да ја види Македонија како дел од Унијата.

И останатите лидери го изразија својот став дека треба да се искористат престојните 6 месеци од шпанското претседателство со Унијата, за да може земјата да добие датум за почеток на преговорите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG