Достапни линкови

Има ли алтернатива?


Домашните експерти се согласни – иднината на Македонија е во ЕУ. Според професор Ѓорѓи Спасов стимулирањето на евроскептицизмот и претставувањето на ЕУ како сојузник на Грција и противник на Македонија не ја претставува земјава во добро светло. Евро амбасадорот Ерван Фуере вели дека има јасна временска рамка и притисок врз двете страни за решение.

Иднината на Македонија е во Европската унија, согласни се домашните експерти. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека ниту политичарите ниту населението немаат дилема дека Македонија треба да влезе во
Меѓутоа, знаете се има своја цена. Ако цената е надвор од логиката, што би рекле западнњаците ако цената е надвор од она што можете да си го дозволите, тогаш мора да се бараат други решенија и други опции. Јас не сум меродавен да кажам кои би биле другите опции, но во секоја ситуација има решенија излезни.
Европската унија.

„Меѓутоа, знаете се има своја цена. Ако цената е надвор од логиката, што би рекле западнњаците ако цената е надвор од она што можете да си го дозволите, тогаш мора да се бараат други решенија и други опции. Јас не сум меродавен да кажам кои би биле другите опции, но во секоја ситуација има решенија излезни.“

Во моментов единствената пречка за Македонија да добие датум за преговори за полноправно членство во ЕУ е нерешениот спор за името со Грција. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека не е сигурен оти Грција сака да го реши спорот.

„Грција поставуваше такви услови, што јас му реков и на Папандреу дека тој и во наредните сто години со такви услови нема да најде Влада која ќе му ги прифати барањата“,

рече Груевски во Бон, каде што присуствува на конгресот на Европските народни партии. Професор Ѓорѓи Спасов вели дека тие изјави се само за пред домашната јавност.

„Во моментов тој изигрува херој и патриот. Во неговото меѓународно однесување тој ќе се однесува сосема различно и во моментот кога ќе биде понудено решение ќе се обиде тоа да го прифати и да го реши проблемот на рационален начин.“
Она што сега го прави македонската влада да носи луѓе кои пред седиштето на ЕК ќе и викаат уа, а од друга страна веќе на 18-ти спроти Св. Никола е закажана голема прослава на која ќе пејат сите заедно на глас – благодарам Европо за визната либерализација. Оттаму тоа е игра што ја дозволува власта, која се однесува и како победник, а истовремено манифестира лажен патриотизам

Никовски, пак, уверува дека Европската унија ќе помогне во решавањето на спорот. Грција бара да се разнебити идентитетот на македонскиот народ, вели тој.

„Според тоа, задача не на Република Македонија туку на ЕУ пред се и на меѓународната јавност да изврши влијание проблемот да се реши на начин кој нема да го доведе во прашање опстанокот на македонскиот народ, јазик и држава.“

Дел од експертите посочуваат дека по недобивањето датум за преговори, можно е во земјава да расте евроскептицизмот. Стимулирањето на евроскептицизмот, вели Спасов, и претставувањето на ЕУ како сојузник на Грција и противник на Македонија не ја претставува земјава во добро светло.

„Она што сега го прави македонската влада да носи луѓе кои пред седиштето на ЕК ќе и викаат уа, а од друга страна веќе на 18-ти спроти Св. Никола е закажана голема прослава на која ќе пејат сите заедно на глас – благодарам Европо за визната либерализација. Оттаму тоа е игра што ја дозволува власта, која се однесува и како победник, а истовремено манифестира лажен патриотизам.“

Советот на министри на Европската унија одлучи повторно да го разгледа прашањето за доделување датум за преговори на Македонија за време на шпанското претседателство со Унијата, во првата половина на наредната година.Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, вели дека Европската унија токму тоа и го прави – ги притиска двете земји да најдат решение. Советот на министри на ЕУ ја охрабрува Македонија заедно со Грција да го решат спорот, за преговорите за членство во Унијата да почнат што поскоро, вели Фуере.

Совршено е јасно дека одлуката што беше донесена во Брисел воопшто не е иста со она што се случи во Букурешт. Сега има многу јасна временска рамка, има притисок врз двете страни да најдат заедничко прифатливо решение за спорот за името. Ние сме убедени дека разговорите ќе се интензивираат во наредните недели. Така, примарната цел, преговорите со Македонија да почнат во 2010 ќе биде целосно исполнета.

Дел од експертите посочуваат дека по недобивањето датум за преговори, можно е во земјава да расте евроскептицизмот. Други, пак, посочуваат дека стимулирањето на евроскептицизмот и претставувањето на ЕУ како сојузник на Грција и противник на Македонија не ја претставува земјава во добро светло.

Фуере: Јасна временска рамка и притисок врз двете страни за решение



Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, вели дека Европската унија ги притиска двете земји да најдат решение. Советот на министри на ЕУ ја охрабрува Македонија заедно со Грција да го решат спорот, за преговорите за членство во Унијата да почнат што поскоро, вели Фуере.

„Совршено е јасно дека одлуката што беше донесена во Брисел воопшто не е иста со она што се случи во Букурешт. Сега има многу јасна временска рамка, има притисок врз двете страни да најдат заедничко прифатливо решение за спорот за името. Ние сме убедени дека разговорите ќе се интензивираат во наредните недели. Така, примарната цел, преговорите со Македонија да почнат во 2010 ќе биде целосно исполнета.“

Дел од експертите посочуваат дека по недобивањето датум за преговори, можно е во земјава да расте евроскептицизмот. Други, пак, посочуваат дека стимулирањето на евроскептицизмот и претставувањето на ЕУ како сојузник на Грција и противник на Македонија не ја претставува земјава во добро светло.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG