Достапни линкови

ЕУ без заклучок за Македонија


Шефовите на дипломатии на ЕУ во понеделник не успеаја да решат каков ке биде за заклучокот за Македонија, по препораката на ЕК за датум за почеток на преговорите. Дебатата продолжува во вторник

Како што јавуваат дописниците на македонските медиуми од Брисел, нацрт верзијата на Шведското претседателство гласела дека дебатата за преговорите за Македонија ќе била одложена за март 2010-та, но дека Грција не се согласувала со оваа формулација. Атина не прифаќала термин во заклучоците и инсистирала на формулација слична на онаа од самитот на НАТО Букурешт, кога односно на добивање преговори со ЕУ само откако ќе се реши спорот за името. Шведското претседателство и Европската комисија од друга страна настојуваат да се вметне некаков датум за датум во заклучоците.

Претпоставките се потврдија..

Аналитичарите предупредуваа дека ова ќе биде бурна недела за македонските евроинтеграции. Се до последен момент остана незивесно на што може да се надева земјава од министерскиот состанок. Иако премиерот минатата недела излезе со изјава во која речиси најави дека Македонија се наоѓа пред втор Букурешт или како што рече тој формулација која нема да додели датум туку ќе каже дека датум треба да се додели но тогаш кога ќе има конкретен напредок во преговорите за името, надежи продолжи да создава неговиот повик по средбата со претседателот на ЕК Баросо Грција да ни даде шанса да отпочнеме со преговори, а паралелно да продолжат интензивни разговори за името. Претседателот на ЕК оцени дека има волја од двете страни за изнеоѓање решение за името но порача спорот да се реши. Напосредно пред состанокот во оптек останаа повеќе дилеми, дали заклучок воопшто може да се очекува од состанокот на Советот на министрите, дали името ќе се спомене во него и дали ќе се определи рок за негово решавање или можеби само ќе се повтори заклучокот на ЕК и ќе се поздрави напредокот што го направила земјава во спроведените реформи. Иако повеќе земји членки на ЕУ го поддржуваат стартот на преговорите, шансите Македонија да добие датум за преговори се мали поради условувањето на Грција. Една од најреалните опции коишто се најавуваа од Брисел е одложување на одредувањето датум со што би се спречило евентуалното вето. Да се поздрави напредокот и да се порача дека датумот за почеток на преговорите ќе се одреди подоцна. Постојат најави и дека можеби конечната одлука министрите за надворешни работи ќе им ја остават на шефовите на држави и влади на Самитот на 10 и 11 декември. Премиерот Груевски требаше да стигне во Брисел денеска попладне и како што шпекулираат медиумите не се исклучува и уште една средба со грчкиот премиер Папандреу. Сепак според некои неофицијални информации за ваква средба најверојатно нема да има можност до четврток кога грчкиот премиер се очекува да допатува на самитот.
XS
SM
MD
LG