Достапни линкови

Смет низ Куманово


Куманово
Куманово

Ниту законот за јавна хигиена и предвидените казни, не ги дисциплинираа кумановци кога станува збор за сметот. Градот е полн со диви депонии и отпад поради несовесното однесување на граѓаните.

Ниту Законот за јавна хигиена и предвидените казни, ниту редовно изнесување и поставување соодветни садови за смет во централното градско подрачје, не можат да се справат со неодговорното и несовесното однесување на многумина кумановци кои постојано создаваат депонии и во централното градско подрачје. И додека едните реагираат и бараат помош од комуналното претпријатие „Чистота“ за чистење на сметот, другите набргу потоа ја обновуваат депонијата. Тоа е закана за здравјето на сите,особено на децата, реагираат кумановци во чија близина се фрла се, речиси од игла до локомотива.

,,Неколку пати интервениравме да се исчисти сметот.Ова не е депонија, ова е градска депонија. Кој како ќе помине фрла се и сешто. На
Од сите страни фрлаат смет. Порано секој си метеше пред своја врата, сега народот не сака да чисти, ама фрла смет
некој ќе му пцовиса мачка или куче, или некое животно, тој тука фрла. Кога температурите се 37/40 степени се шири смрдеа. Тука е и школо, децата играат топка. Ќе им падне топката тие доаѓаат да ја земат.Така, автоматски доаѓаат во контакт со зараза, а се бориме против епидемијата на свинскиот грип.“

,,Ние живееме тука. Центарот и реката се чисти, ама сокаците се не дај боже да помине човек.“

Велат кумановци кои живеат во внатрешното централно градско подрачје,во чија близина се и две училишта и една градинка.Тие се согласни дека „Чистота“ презема мерки за дислоцирање на ѓубрето, но набргу потоа депонијата повторно ја обновуваат несовесни и неодговорни граѓани.

,,Од сите страни фрлаат смет. Порано секој си метеше пред своја врата, сега народот не сака да чисти, ама фрла смет.“

,,Ѓубре има по цело Куманово. Во близина на гробиштата има ѓубре. За овој народ треба само ќотек.„
Ѓубре има по цело Куманово. Во близина на гробиштата има ѓубре. За овој народ треба само ќотек


Револтирано забележуваат кумановци.
Од „Чистота“ велат дека често пати поставуваат садови за смет. Додека некои граѓани тоа го бараат,другите реагираат дека им пречи и претпријатието ги дислоцира. И депониите ги чистат нивните екипи,меѓутоа и тоа е за кусо време.Законот за јавна чистота и по една година не успеа да биде соодветно применет.Казните за прекршителите се 50 евра доколку тие се откријат во времето на фрлањето на сметот,а нивната наплата е со полициска придружба на инспекторите,која пак чини 200 евра. И додека локалната смаоуправа се залага за создавање чисто и зелено Куманово,поголемиот дел од граѓаните сакаат да живеат во еколошки чиста и здрава средина,на дел од нив тоа воопшто не им е важно. Несовенсоста и неодговорноста и натаму се најголема закана за создавање депонии насекаде во градот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG