Достапни линкови

Стратегија за Авганистан


Обама во Вест Поинт
Обама во Вест Поинт
Мнозинството Американци не сакаат ескалација на војната, и Обама се обиде да ги убеди дека неговата стратегија е вистинскиот начин да се постигне успех, јавува Ендрју Тули од Вашингтон. Во своето обраќање пред кадетите на Вест Поинт Обама рече дека е станува збор за витални национални интереси, по нападите на Ал Каеда на 11 септември, 2001.

„Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука. Но јас сум убеден дека нашата безбедност е во прашање во Авганистан и Пакистан. Таму е епицентарот на насилниот екстремизам, практикуван од Ал-Каеда. Од таму ние бевме нападнати на 9. 11, и од таму се плканираат нови напади“.

Обама рече дека акцијата нема да биде одговорност само на Американците. Нивните сили во Авганистан ќе се зголемат на околу 100.000 војници во пролетта 2010 година, а силите на НАТО ќе се зголемат од сегашните 40.000 до 45.000 или 50.000.
Тоа ке овозможи да се забрза процесот на предавање на одговорноста на авганистанските сили...

"Овие дополнителни американски и меѓународни трупи ќе овозможат да се забрза предавањето на одговорност кон авганистанските сили, и ни овозможи да започне повлекувањето на нашите сили од Авганистан во јули 2011 година. Токму како што тоа го направивме во Ирак“ ние ке продолжиме да и помагаме на владата во Кабул.

Според неодамнешните анкети, меѓутоа, над половина од испитаните американци не го одобруваат начинот на кој Обама се справува во Авганистан. Обама изрази надеж дека американците пак ке се еобединат како и на почетокот на војната.

Анализа - Охрабрување и сомнежи

Мајкл Рубин експерт за исламски студии во Американскиот Еентерпрајз институт во Вашингтон изјави за Радио Фарда дека е охрабрен од фактот што Обама е подготвен да испрати повеќе војници во Авганистан, но изрази загриженост на најавата дека американските сили ке се повлечат толку брзо.

"Претседателот Обама изјави дека САД ќе повлечат од 2011 година. Тој можеби мисли дека ова е добро да се каже, но ако САД се повлечат од Авганистан, соседните држави ке почнат да се подготвуваат да го пополнат вакумот. Затоа стравувам оваа стратегијата да не биде контрапродуктивна ".

Марина Отавеј од Институтот Карнеги пак смета дека повеќе војници не може да гарантираат успех во земја племенски поделана како што е Авганистан.
Обама во Вест Поинт
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG