Достапни линкови

Преку волонтерство до професионално вработување?


Колку волонтерството помога да се најде професионално вработување? Младите во Македонија тешко стигуваат до работа, па се почесто се одлучуваат да волонтираат без пари. Во државата има околу 200 регистрирани волонтери.

Младите во Македонија тешко стигуваат до работа, па се почесто се одлучуваат да волонтираат без пари. Во државата има околу 200 регистрирани волонтери, кои преку прокети на невладини организации обавуваат општокорисни работи без да примаат финансиски надоместок за тоа. Волонтирањето најчесто се однесува на работа и помош со сиромашни, маргинализирани, необразовани категории на граѓани, борба против дискриминација итн. Преку националниот центар за волонтерство годинава биле работно ангажирани 55 волонтери од Битола во фирми каде работеле на одредени прокети или едукации. Но, се смета дека вкупниот број на волонтери во
Не можеме да кажеме дека тоа е така во пракса. Но, ние работиме на подигање на свеста луѓето да ја осетат волонтерската работа и користа која ја има самата институција и локалната заедница
државата е многу поголем зашто има лица кои работат во државни фирми, а заради рецесијата се водат како волонтери и земаат многу мал надомет. Колку волонтерството помога да се најде професионално вработување?

,,Не можеме да кажеме дека тоа е така во пракса. Но, ние работиме на подигање на свеста луѓето да ја осетат волонтерската работа и користа која ја има самата институција и локалната заедница.„

изјави Владе Талевски од Младинскиот културен центар, НВО организација која подолго време се залага за развој на волонтерството. Во Битола деновиве се одржа најголемиот европски собир на волонтери за 2009 година. На него учествуваа гости од 30 европски земји. Дури и во развиените држави волонтерството не доведува до работа. Но, таму вработувањето не е поблем
Но, она што е многу позитивно е што во последно време младите се повеќе се одлучуват за волонтирање во локалната заедница

,,Волонтерството во Италија е нешто што ти го правиш лично за тебе, а не нешто што ќе ти помогне да најдеш вистинска работа.„

изјави Марија Делоренцо волонтер од Италија. Во западноевроспките држави бројот на волонтери е многу голем. Во Балканските држави бројот на волонтери се зголемува последните две години. На пример, во Хрватска пет проценти од вкуната полулација волонтира.Сепак, со ваквата дејност најчесто се занимаваат млади лица

,,На почетокот многу популарно беше волонтирањето на меѓународно ниво, значи млади од една земја да одат да волонтираат во друга земја. Но, она што е многу позитивно е што во последно време младите се повеќе се одлучуват за волонтирање во локалната заедница.„

вели Домагој Ковачиќ, волонтер од Хрватска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG