Достапни линкови

Здравствениот систем ангажиран околу грипот


Клиника за Инфективни болести
Клиника за Инфективни болести

По вчерашниот прв смрттен случај на заболен од новиот грип во Македонија, епидемиолозите проценуваат дека нема потреба од менување на досегашниот курс и преземање нови мерки. Оттаму уверуваат дека ситуацијата е под контрола.

Тешка слика со многу брзо влошување на здравствената состојба не е непозната за новиот грип, но вакви трагични исходи се инцидентни и тоа во светски рамки се случува во пропорција од еден до два проценти, велат епидемилозите по првиот смртен случај на пациентот кој на Клиниката беше примен со симптоми на грип и со тешка пневмонија:
Вакви трагични исходи, инцидентни, тие по теорија на веројатност се за очекување со оглед на масовноста на појавата, но во рамките на онаа пропорција која што е позната во светот, некаде околу еден отсто

,,Вакви трагични исходи, инцидентни, тие по теорија на веројатност се за очекување со оглед на масовноста на појавата, но во рамките на онаа пропорција која што е позната во светот, некаде околу еден отсто, во Мексико да кажеме дури некаде околу 1,9 или 1,5 отсто."

Специфика на вирусот е некогаш да се спушти пониско во дишните патишта независно дали лицето има претходно хронично заболување и да предизвика компликации, но под поголем ризик за такво нешто се оние кои имаат претходни хронични заболувања особено оние со опструктивни заболувања на белите дробови и бронхијална астма, појаснува професор д-р Драган Даниловски. По првиот смрттен случај од новиот грип во Македонија пред состанокот на Комисијата за пандемиски грип, епидемилозите проценуваат дека нема потреба од менување на досегашниот курс и преземање нови мерки. Досега ситуацијата е под контрола и нема потреба од затворање на училишта или децентрализација во лекувањето на грипот од Инфективната Клиника, на одделенија во внатрешноста, проценува и професор д-р Тихомир Крцковски.

,,Во влошена ситуација, половина Клинички центар може карантински да се обезбеди. Хроничниот програм, само ургентните случаи може да се згрижуваат, а се друго се става во функција на карантин."
Нашата лабораторија е во контакт со соодветните референтни лаборатории и имаат задолжение секаква промена на вирусот да ја нотифицираат и праќаат. Според моите сознанија засега тоа се нема случено ниту во Македонија, ниту во соседните земји


Марија Кишман од Светската Здравствена Организација исклучува дека може да станува збор за промена на видот на вирусот, како кај нас така и во регионот.

,,Нашата лабораторија е во контакт со соодветните референтни лаборатории и имаат задолжение секаква промена на вирусот да ја нотифицираат и праќаат. Според моите сознанија засега тоа се нема случено ниту во Македонија, ниту во соседните земји. Идејата е поголемо внимание на контакт со болни луѓе, колку што е можно повеќе."

Прогласување епидемија зависи од типот на болеста и начинот на ширење. Во земјите од регионот Србија прогласи епидемија со регистрирани над 200 илјади случаи, а Бугарија со над 100 илјади случаи. Кај нас досега се регистрирани 350 лица заболени од новиот грип. На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост. Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Министерот Османи напомена дека системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од, како што рече, оваа неизбежна пандемија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG