Достапни линкови

Груевски во Лондон, но нема средба со Браун


Премиерот Никола Груевски
Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски од вчера е во посета на Велика Британија, но не е предвидена негова средба со британскиот премиер Гордон Браун. Груевски ќе се сретне со спикерот на Долниот дом и други британски политичари.

Официјалните и работни посети на државниот врв, по правило, секогаш почнуваат со средба на предводникот на делегацијата со неговиот домаќин, велат луѓето што работат или работеле во протоколот на македонските државници. Премиерот се среќава со премиер, претседателот со претседател, а министерот за надворешни работи со неговиот странски колега, велат тие. Сепак, не сакаат јавно да зборуваат, затоа што дел од нив, се уште, работат во Министерството за надворешни работи или во македонските амбасади.
Сметам дека кога се во прашање државните интереси не треба да се води толку сметка за нивото, но и тогаш треба да се знае дали тоа е неопходно
Премиерот Никола Груевски, од вчера, е во дводневна посета на Велика Британија. Во Лондон тој се среќава со членови на парламентарната група за Македонија, со спикерот на Долниот дом, со советникот за меѓународна политика на британскиот премиер, со британскиот министер за Европа и со други британски политичари. Сепак, тој нема да оствари средба со неговиот британски колега Гордон Браун. Во Владата велат дека утре премиерот ќе престојува во официјална посета на Ирска, каде што ќе се сретне со тамошниот премиер. Во меѓувреме го користи времето за да се сретне и со високи британски функционери, велат во владата. Поранешниот амбасадор во Хрватска Махи Несими, вели дека државните посети се организираат по покана од соодветна институција.

,,Апсолутно не е дозволиво да одредена личност од некоја земја, да не се сретне со неговиот колега. Доколку не се среќава со својот
Апсолутно не е дозволиво да одредена личност од некоја земја, да не се сретне со неговиот колега. Доколку не се среќава со својот колега се поставува прашањето - Кај кого отишол?
колега се поставува прашањето - Кај кого отишол?"

Експертите за протокол со кои разговаравме велат дека е многу тешко да се организира официјална посета на македонскиот претседател или премиер на некоја од големите светски сили, зашто, како што велат, агендите на светските државници се пополнети за 2 или 3 години однапред. Поранешен амбасадор, кој сакаше да остане анонимен вели дека во нормални околности премиерот во никој случај не би требало да прифати средба со пониско рангирани функционери.
„Сепак, ова не се нормални околности. Во овој момент ние треба да лобираме кај големите сили за добивање датум за преговори. Ако не можеме да се сретнеме на највисоко ниво, можеби и ваквите средби ќе донесат корист. Во краен случај, тоа не мора да значи дека посетата ќе биде неуспешна“, вели амбасадорот и додава дека е многу тешко за една мала и сиромашна земја да организира посета на голема сила на највисоко ниво. Со ова делумно се согласува и поранешниот амбасадор Несими.

,,Сметам дека кога се во прашање државните интереси не треба да се води толку сметка за нивото, но и тогаш треба да се знае дали тоа е неопходно, па ете ќе одиме."
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG