Достапни линкови

Дневен печат - Топ тема новиот грип


Топ тема во медиумите е зголемувањето на бројот на заболените од новиот грип во Македонија, помамата по медицински маски, квалитетот на вакцината што, како што нагласуваат, со извесни исклучоци, сите електронски и пишани медиуми, се уште ја нема во земјата.

Топ тема во медиумите е зголемувањето на бројот на заболените од новиот грип во земјава, помамата по медицински маски, квалитетот на вакцината што, како што нагласуваат, со извесни исклучоци, сите електронски и пишани медиуми, се уште ја нема во земјава. ,, Вечер,, денеска се занимава со тоа чија фирма ќе ја спроведува вакцинацијата во Србија. ,,Без Тачи и Љубе нема обединета опозиција,, ја насловува ,,Дневник,, информацијата за реакцијата на лидерот на најголемата опозициона патија СДСМ, Бранко Црвенковски што на
Луѓе со маски пред Инфективната Клиника во Скопје
промотивна средба-трибина на Институтот ,,Демос,, во средата вечерта, со која Институтот се промовира во јавноста како обединувач на опзицијата, не се поканети тој и неговата партија. Црвенковски смета дека не може да стане збор за обединување на опозицијата ако таму не се поканети ни Љубе Бошковски ни Мендух Тачи. Од учеството на трибината на Демос се откажа и Ден Дончев од Обединети за Македонија и Ѓорѓи Оровчанец од Нова Алтернатива велејќи дека не сакаат да ги слушаат ,,веќе познатите ставови на Спасов и на Ружин,, ги цитираат медиумите овие двајца политички актери. Весниците и телевизиите ја објавија и изјавата на Бучковски кој исто така не се приклучи на ,,Демос,, затоа што на трибината не бил поканет Црвенковски. ,,Нова Македонија,, информацијата ја насловува со: ,,Спасов и Ружин ги вознемирија духовите во СДСМ,,. ,,Време,, го цитира политичкиот аналитичар Петар Арсовски кој смета дека дека обидите да се формира некаков трет пат кој би се противставил на идеологиите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ секогаш завршувале со политички пазарења за освојување на власта. Сите медиуми ја објавија изјавата на премиерот Груевски дека доколку Грција го блокира добивањето датум за преговори ЕУ-Македонија тоа ке било знак дека таа не сака решавање на спорот за името. Медиумите исто така ја регистрираа и средбата на Црвенковски со Ахмети на која тие му дадоа поддршка на Груевски да го реши проблемот со името. Во изјавата, потоа, Црвенковски спомна и предвремени избори ако тоа не се случи, ноАхмети не бил приврзаник на таа идеја. ,,Утрински,, акцентирајќи дека двете телевизии Сител и Канал 5, кои, како што пишува, се под владина контрола, објавиле вест од неименувани извори дека доколку се случи повторување на Букурешт, Македонија ќе ги прекинела преговорите и оти ќе се повторело постбукурешкото сценарио, односно враќање на антиквизацијата. Ова го наведува весникот да заклучи дека неименуваните се, всушност, владини извори, бидејќи Владата во саботата попладне одржала седница посветена на обврските што ја очекуваат до 7 декември.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG