Достапни линкови

Соработка меѓу здруженија од Албанија и Македонија


Лица со инвалидитет
Лица со инвалидитет

Здруженијата на лицата со посебни потреби од Дебар и од соседните погранични градови во Албанија подолго време соработуваат. Во рамките на оваа соработка која има меѓугранична димензија се подготвуваат и заеднички проекти.

Здруженијата на лицата со посебни потреби од Дебар, подог период даваат посебен придонес во зголемувањето на меѓуграничната соработка на Дебар со здруженија од пограничните општини во Република Албанија. Оваа соработка има разни форми како што се заеднички средби, трибини, и меѓусебни посети. Во рамките на оваа соработка која има меѓугранична димензија се подготвуваат и заеднички проекти.
Здружението на цивилните инвалиди од војната и другите организации на инвалидите од Дебар остваруваат успешна соработка со повеќе здруженија организации на инвалидите од соседна Албанија


,,Здружението на цивилните инвалиди од војната и другите организации на инвалидите од Дебар остваруваат успешна соработка со повеќе здруженија организации на инвалидите од соседна Албанија. Соработка имаме со здружението од Пешкопеја, Корча, Поградец, Тирана, Елбасан. На средбите на здруженијата од Македонија и Албанија, разменуваме мислења за проблемите со кои се соочуваат инвалидите од двете земји, а воедно расправаме и околу законската регулатива за оваа категорија на лица."

Вели Осман Масхкули претседател на локалното здружение на Цивилните инвалиди од војната во Дебар. Тој додава дека соработката на овие невладини организации дава поттик и за продлабочување на соработката на пограничните општини како и двете држави.

,,Оваа наша соработка има големо влијание и врз зголемување на соработката на општините, но и меѓу Македонија И Албанија. Уште на првите средби што ги имавме со инвалидите од Албанија рековме дека ставаме еден камен на ѕидот на соработката меѓу двете земји Република Македонија и Република Албанија."

Здружението на Инвалидите на Трудот од Дебар во изминатиот период имаше заеднички проекти со локални здруженија од Албанија,
Оваа наша соработка има големо влијание и врз зголемување на соработката на општините, но и меѓу Македонија И Албанија. Уште на првите средби што ги имавме со инвалидите од Албанија рековме дека ставаме еден камен на ѕидот на соработката меѓу двете земји
истакнува Хабиб Мулаи претседател на дебарското здружение.

,,Ние имаме соработка со здруженијата на инвалидите на трудот од Албанија и до сега сме имале и одредени грантови за подобрување на здравјето на инвалидите на трудот. Пред 4 години имавме еден заеднички проект, со кој беа направени патеки за инвалидите, но и други активности во интерес на инвалидите во целина,,.

Локалните здруженија на лицата со посебни потреби од пограничните општини од Албанија оценуваат дека соработката е многу позитивна и дава резултати.

,,Соработката со здруженијата од Македонија пред се од Дебар, Охрид, Струга, Битола и други градови ја гледам како многу плодотворна. Оваа соработка недостигаше во монизмот и сега се дава можност да имаме соработка која се заснива на размена на информации околу состојбата на оваа категорија на лица во законодавството, но и околу реализацијата на заеднички проекти."

вели Ибраим Османи претседател на здружението на Пешкопеја . Во изминатите години мошне добра соработка е воспоставена и меѓу Сојузот на лицата со посебни потреби на Република Македонија и Република Албанија.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG