Достапни линкови

Дваесет години од падот на Берлинскиот ѕид


Поранешни и актуелни светски државници се очекува да им се приклучат на десетиците илјади Германци на денешната прослава на 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Во револуционерниот бран кој пред 20 години го зафати поранешниот Источен блок, комунистичките власти на Источна Германија ноќта на 9 ноември 1989 година, по неколкунеделите на продемократски протести, ја отворија границата меѓу Источен и Западен Берлин.

Голем број источно германци се искачија на ѕидот и преминаа на Запад, настан кој придонесе за завршување на поделбата меѓу Исток и Запад, и на повторното обединување на Германија во 1991 година откако се распадна Советскиот сојуз. 155 километри долгиот ѕид што комунистите го изградија за време на Студената војна опстојуваше 28 години. Сега од него останаа само делови кои се користат како историски и уметнички музеи на отворено.
Идеалите што ги водеа берлинците да го урнат ѕидот не се помалку релевантни и денес. Слободите што ги водеа таа ноќ не се помалку скапоцени, а правата и принципите што не доведоа до овој момент заслужуваат да ги браниме и натаму...

На денешната прослава во Берлин е вклучено и соборување на илјада гигантски домино коцки во ред долг околу километар ипол што се протега онаму каде што оригинално беше поставен Берлинскиот зид.

На комеморациите кај Бранденбуршката порта во Берлин, чиј домаќин е германскиот канцелар Ангела Меркел, ќе присуствуваат, меѓу другите, последниот претседател на Советскиот Сојуз Михаел Горбачов, анти комунистичкиот лидер на Полска Лех Валенса, како и други личности од времето на распадот на комунизмот во Источна Европа. Се очекува и присутвото на британскиот премиер Гордон Браун, на францускиот претседател Никола Саркози, на рускиот претседател Дмитри Медведев и на американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Таа синоќа во Берлин изјави дека слободата им припаѓа на сите луѓе.

,,Идеалите што ги водеа берлинците да го урнат ѕидот не се помалку релевантни и денес. Слободите што ги водеа таа ноќ не се помалку скапоцени, а правата и принципите што не доведоа до овој момент заслужуваат да ги браниме и натаму.,,

Клинтон рече дека се уште постојат ѕидови меѓу модернизмот и, како што изјави, нихилистичките ставови, како и меѓу оние што ја негираат можноста за напредок, како на пример бомбашите самоубијци, и оние што сакаат само да одат на училиште.
Таа додаде дека западните земји не смеат да дозволат угнетувањето од комунистичкото време да биде заменето со угнетување во името на нечија религија или племе.

Инаку, канцелрката Ангела Меркел во денешното интервју за германската телевизија изјави дека германското обединување се уште не било завршено. Таа притоа потсети дека невработеноста во поарнешниот источен блок е за два пати поголема од западот на земјата. Затоа, според неа, е исправно тоа што солидарните даночни додатоци за обновата на источна Германија ќе се плаќаат до 2019 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG