Достапни линкови

Неделен печат - ,,Танго по звуците на сиртаки"


Постбриселска анализа на средбата Папандреу-Груевски, објавува неделникот ,,Глобус,, со наслов ,,Танго по звуците на сиртаки,,. Неделникот ги анализира последните потези на македонскиот државно-владин врв потсетувајќи дека останаа уште 5 недели до 7 декември.

Постбриселска анализа на средбата Папандреу-Груевски, објавува неделникот ,,Глобус,, со наслов ,,Танго по звуците на сиртаки,,. Неделникот ги анализира последните потези на македонскиот државно-владин врв потсетувајќи дека останаа уште 5 недели до 7 декември, кога на самитот на ЕУ треба да се одлучи дали Македонија ќе добие датум за преговори со Унијата или ќе и биде даден рок да го реши спорот со Грција по што автоматски би ги почнала преговорите за членство. Ова за неделникот е повторување на ситуацијата кога на Самитот на НАТО во Букурешт на Македонија и беше порачано дека поканата за членство е ковертирана, но, прво треба да го реши спорот со името. ,,Глобус,, потсетува на првото разногласие, по средбата во Брисел, меѓу Груевски и претседателот Иванов околу референдумот за името. Во врска со премиерската средба во Брисел, ,,Глобус,,смета дека и Скопје и Атина останале без прецизна анализа за нејзиниот резултат. Додека македонската страна брифира дека разговорите поминале мазно и во атмосфера на меѓусебно запознавање, грчките медиуми тврдат дека Папандреу му рекол на Груевски дека Македонија нема да добие датум за преговори без да биде решен спорот за името. Одговорот на прашањето дали двајцата премиери имале успешна или неуспешна средба, пишува, покрај другото ,,Глобус,, веројатно го има посредникот Нимиц кој е единствениот кој ќе ги добие вистинските информации за содржината на разговорите. Неделникот ,,Сега,, објавува мега-интервју со Љубе Бошковски, при што во насловот ги вади неговите зборови дека, цитирам,,,На следните избори ќе го растурам Груевски,,. Тој му гарантира на Гуевски сигурен пораз и дебакл каков што не можел да си замисли, велејќи дека единствениот спас за Никола Груевски е ако планирал некој проект кој би значел отсуство на Бошковски од Македонија, на што според неговото мислење, тој на такво нешто максимално работел. Во интервјуто Бошковски ја изнесува и тезата дека Ивица Боцевски и Зоран Ставревски биле инфилтрирани во ВМРО-ДПМНЕ во договор со Бранко Црвенковски откако Груевски се договорил со него во 2004 да му помогне да стане претседател, а Груевски, за возврат да биде премиер, тврди, покрај другото, Љубе Бошковски во интервјуто за ,,Сега,, Во најновиот број ,,Форум,, повторно се занимава со проблемот ,,Зошто ,жешката‘ есен остана само жолта есен,, овојпат не во уводникот, туку со анализа на понудата на главните политички актери во земјава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Па, пишува дека партите веќе се прочитани од граѓаните, дека се заморени од репризите и оти се нема ништо драстично променето во начинот на кој фунционираат политичките актери и во она што го нудат. Најавуваната ,,жешка,, есен никогаш не стигна, останаа само ,,жолтите,, балони , оној на власта за предвремени избори и оној на опозицијата да го спречи референдумот за името, пишува ,,Форум,,.Неделникот смета дека во јуни можеби ќе има нови предвремени избори, за што доказ било влегувањето во собраниска процедура на измените на Изборниот законик и наведува дека во двете партии биле правени интерни анкети во кои сегашната власт би добила 20-ина пратенички места помалку, но, и натаму стоела подобро во рејтингот и на нејзиниот лидер. Загрижувачко било што и натаму околу третина од гласачите биле неопределени или незаинтересирани за гласање. Неделникот го цитира директорот на агенцијата Рејтинг, Никола Спасов дека прашање кое може да се одрази врз постојниот рејтинг на двете партии и на нивните лидери е, на пример, сега најактуелното, ако Македонија добие датум за преговори. Ако со тоа се остварат очекувањата на народот, тогаш може да се очекува некаква промена, ја завршува ,,Форум,, статијата цитирајќи го Спасов.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG