Достапни линкови

Ќе се реши ли името до декември?


Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Оли Рен
Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Оли Рен

Премиерот Груевски наредниве денови ќе престојува во Брисел, а домашните аналитичари на посетата гледаат како на дел од т.н. тајна дипломатија во однос на преговорите за името. Европските дипломати веќе упатуваат пораки дека до декември треба да се реши спорот, доколку Македонија сака да добие датум за преговори.

Премиерот Никола Груевски од Австралија директно ќе патува во Брисел на состанок со неговите европски десничарски колеги. Медиумите објавуваат дека е предвидено во Брисел, премиерот да се сретне и со комесарот за проширување на Унијата Оли Рен. Во владата не можеа да потврдат дека Груевски сигурно ќе се сретне со Рен, затоа што, како што велат, агендата се уште не е уточнета. По објавувањето на извештајот на Европската комисија, европските дипломати упатуваат јасни пораки дека ако Македонија сака да добие датумот за преговори за полноправно членство во Унијата, треба до декември да го реши спорот за името со Грција. Аналитичарот Суад Мисини ја гледа посетата на Груевски на Брисел како дел од таканаречената тајна дипломатија во однос на преговорите за името.
Апсолутно Оли Рен ќе сака да чуе од Груевски, што Европската Унија може да очекува во декември


,,Апсолутно Оли Рен ќе сака да чуе од Груевски, што Европската Унија може да очекува во декември."

Од друга страна, македонските власти инсистираат на тоа граѓаните на референдум да се изјаснат за евентуалниот компромис. Професор Мирјана Малевска вели дека токму референдумот може дополнително да ги искомпкицира работите.

Евроамбасадорот Ерван Фуере и премиерот Никола Груевски на заедничка прес конференција по извештајот на ЕК
,,Референдум допрва да се изведува е невозможно за толку кратко време."

Таа се сомнева дека Македонија ќе добие датум за преговори, без конечно решавање на спорот со Грција.

,,Можно е нешто да се случи во смисла да Македонија и премиерот, да дадат некакви сигнали на добро расположение кон Грција, да кажеме нели во врска со поставување на споменици или преименување на улици и други ознаки, да покажат дека има добра воља да се продолжат разговорите, но дека ќе се реши нешто до тогаш јас лично не верувам."
Значи воопшто да се постигне некакво решение, непарафирано и неформално поминато низ меѓународните институции тоа ќе биде решение кое што ќе биде ,,бетонирано"


Мисини, пак, смета дека во Брисел се бара начин, Македонија да се договори за името, а референдумот да се одржи по евентуалното добивање датум за преговори.

,,Не, не ние мора да постигнеме решение со Грција до декември. Е сега дали тоа ќе биде парафирано во ОН или нема да биде парафирано е помалку важно. Евентуалното постигнато решение помеѓу двете страни ќе биде гарантирано од Брисел или Вашингтон или од двата центри, нормално не официјално. Значи воопшто да се постигне некакво решение, непарафирано и неформално поминато низ меѓународните институции тоа ќе биде решение кое што ќе биде ,,бетонирано".

Премиерот Никола Груевски, кој е на посета на Австралија, вчера побара поголемо обединување кај дијаспората и во однос на прашањето за името. „Наш државен и национален интерес е да се најде решение за спорот, кој ни е наметнат и заради кој трпиме штети. Тоа решение ќе им помогне на земјата и на граѓаните“, рече Груевски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG