Достапни линкови

Русија и натаму е загрижена од НАТО


Екс државниот секретар Олбрајт и генералниот секретар на НАТО Расмусен
Екс државниот секретар Олбрајт и генералниот секретар на НАТО Расмусен

Русија продолжува во НАТО да гледа непријателски сојуз две децении по распаѓањето на Советскиот сојуз. Ова е заклучокот на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт на сослушувањето пред Комиетот за надворешни односи на американскиот Сенат на кое главно прашање беше дали Алијансата останува релевантен фактор во светот.

За поранешниот државен секретар Медлен Олбрајт НАТО е релавантна организација. Потсетувајќи дека Алијансата била формирана само десет години по завршувањето на Втората светска војна која беше предизвикана од економските и политичките разлики во Европа.

,,НАТО е создадено како одговор на заканата од Советскиот Сојуз, но не само како одговор на таа закана. Алијансата беше дизајнирана и за да се зауздаат многуте национални ривалства, кои се закануваа да ја раскинат Европа. Целта за создавање на целосна и слободна Европа не исчезна со Советскиот Сојуз и не застаре со текот на времето.,,
На русите постоењето на НАТО им служи како несакан потсетник на Студената војна. Овој начин на размислување не е изменет во изминатата деценија. И тоа го прави дијалогот потежок, но не и соработката, невозможна...



Но, во умовите на повеќето руси, НАТО и натаму е главната закана за Русија. Тоа се потврдува со руското противење на програмата за ракетна одбрана во Централна Европа и на приклучувањето на поранешните комунистички земји во НАТО, како и инсистирањето на Москва поранешните советски републики да останат во рамките на руското влијание.

,,На русите постоењето на НАТО им служи како несакан потсетник на Студената војна. Овој начин на размислување не е изменет во изминатата деценија. И тоа го прави дијалогот потежок, но не и соработката, невозможна.,,

Вели Олбрајт прецизирајќи дека Русија и НАТО имаат важни заеднички интереси, меѓу нив поддршка за стабилноста во Централна Азија, борба против тероризмот и пиратството и спречување на ширењето на оружјето за масовно уништување. Како сведок пред Комитетот се појави и Курт Вокер, поранешен постојан аметикански претставник во НАТО. Тој смета дека би било добро да се соработува со Русија, но притоа, како што изјави, членките на Алијансата треба да бидат свесни дека Русија не е демократска земја и оти сака да ја задржи старата советска сфера на влијание во Кавказот и Централна Азија.

,,Ние треба да мислиме на Русија како на европска земја. Ние треба да сакаме Русија да биде дел од евроатлантската заедница. Но, истовремено, токму затоа Русија треба да ги преземе обврските како и останатите од нас и да ни се придржи во демократските вредности и добрососедските односи.,,

Министерски состанок на НАТО во Братислава


На сослушувањето стана збор и за мисијата на НАТО во Авганистан. Имено, според некои, од успехот на таа мисија ќе зависи и опстанокот на НАТО. Еден од нив, не е и Медлин Олбрајт:

,,Јасно Авганистан е примарна мисија на НАТО во моментот. Мислам дека тоа ќе игра многу важна улога, но не е единственото нешто што НАТО мора да го гледа. Не мислам дека целата иднината на НАТО треба да се суди врз основа на она што се случува во Авганистан.,,

Она што НАТО треба да го направи, според Олбрајт, е да ги разбере новите закани со кои се соочува Западот, например од муслиманските милитанти, и да научи како да се справи со нив.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG