Достапни линкови

Извештајот на ЕК пред Собраниските комисии


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска ги елаборираше детаљите од извештајот на ЕК пред собранискиот Национален Совет за евроинтеграции и Комисиите за европски прашања и надворешна политика.

Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска со детаљите од извештајот пред Националниот
Совет за евроинтеграции и Комисиите за европски прашања и надворешна политика. Имајќи го предвид напредокот во повеќе области, комисијата препорача одредување датум за отпочнување преговори со Унијата. Клучните приоритети во однос на реформите во полицијата, судството, јавната администрација и корупцијата се задоволително исполнети, повтори Фуере. Ги нагласи пофалбите кои се однесуваат на политичката клима во земјата.
Што се однесува до политичкиот дијалог имаше солиден напредок, работата на парламентот беше поефективна вклучувајќи го и легислативниот процес. Духот на консензус резултираше со усвојувањето на неколку клучни закони


„Што се однесува до политичкиот дијалог имаше солиден напредок, работата на парламентот беше поефективна вклучувајќи го и легислативниот процес. Духот на консензус резултираше со усвојувањето на неколку клучни закони.,,

Пофалени се и напорите на планот на меѓуетничките односи. Сепак ќе бидат потребни дополнителни напори во оваа како и во областите на независноста на медиумите, корупцијата и натаму како голем проблем, професионалноста на администрацијата, но и во Парламентот што се однесува на процедурите и на зајакнувањето на маргинализираната опозиција.

Амбасадорот на земјата председавач со ЕУ, Шведска, во Република Македонија, Ларс Петер Фреден посочи н аидните чекори кои ја очекуваат Македонија пред се на Советот на министрите којшто во почетокот н адекември ќе одлучува за датумот за преговори и во тој контекст се наврати на проблемот со името.

,,Прашањето за името се разбира не е услов за интеграција во ЕУ, но ќе создаде многу подобри околности за продолжување на евроинтеграциите."
Сите слабости што се прикажани во извештајот се земаат со посебно внимание и ние како држава ќе ги удвоиме напорите во перидот што престои за остранување на сите овие слабости


нагласи Фреден. Извештајот беше фер и соодветен со сите пофалби но и со слабостите во сите области, нагласи вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.

,,Сите слабости што се прикажани во извештајот се земаат со посебно внимание и ние како држава ќе ги удвоиме напорите во перидот што престои за остранување на сите овие слабости."

Овој извештај којшто го добиваме по неколку години неуспешни оценки, нагласи претседателката на Советот за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска ги покажа само добрите намери на ЕУ спрема држава и тогаш кога критикува и тогаш кога не пофалува за завршената работа.

,,Од денеска натаму, немаме не ден, туку немаме час за губење. Роковите и до следниот Совет, и до следните одлуки за Република Македонија се навистина тесни и доколку тие не се искористат, мислам дека натаму ќе зборуваме дека една шанса не сме искористиле."
XS
SM
MD
LG