Достапни линкови

Дали Белград го поддржува Додик?


Рајко Кузмановиќ, претседател на РС, Борис Тадиќ, претседател на Србија и Мирослав Додик, премиер на РС на Пале
Рајко Кузмановиќ, претседател на РС, Борис Тадиќ, претседател на Србија и Мирослав Додик, премиер на РС на Пале

По минатонеделниот состанок во Бутмир на претставници на Европската унија и Соединетите држави со босанските политички лидери, премиерот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина е неодржлива земја. Според него, таа има меѓународен, но не и внатрешен легитимитет.

Постои ли скриена политика на Белград спрема Босна и Херцеговина, е прашањето кое се поставува од војната во таа земја, а кое посебно, поради тамошните тензии, се интензивира во последно време. Белград мора да води сметка да ја поддржува целовитоста на Босна, што, според официјалните изјави, и го прави, вели претседателот на Европското движење во Србија Живорад Ковачевиќ.

,,Истовремено, видлива е тесната врска меѓу денешното раководство на Србија и Милорад Додик. Тоа предизвикува извесно сомневање во меѓународните кругови за тоа колку Белград, искрено сака да ја зачува целовитоста на Босна и Херцеговина.,,

Оценува Ковечевиќ, додавајќи дека Србија би добила голем поен доколку го искористи влијанието врз Додик за да го направи покооперативен. Со ова се согласува и словенечкиот европарламентарец Јелко Кацин кој смета дека и покрај проевропскиот речник на претседателот на Србија Борис Тадиќ, неговите конкретни чекори биле сосема поинакви:
Не е тешко да се заклучи, што се однесува до Република Српска, дека далечинскиот управувач на односите спрема Босна, всушност се наоѓа во Белград...

,,Што и да зборува, неговите постапки во последно време и пред се одењето само на некои локации во Босна, даваат пораки и ги храбрат оние политичари кои не можат да се идентификуваат со Босна и Херцеговина и кои свесно и јавно ја уриваат.,,

Наведува Кацин. На сличен став е и Бошко Јакшиќ, надворешно политички уредник во весникот Политика кој смета дека меѓу Белград и Сараево воопшто не постојат дипломатски односи.

,,Не е тешко да се заклучи, што се однесува до Република Српска, дека далечинскиот управувач на односите спрема Босна, всушност се наоѓа во Белград.,,

Јакшиќ, оценува дека е многу лошо за Босна, но и за Србија доколку продолжи хушкањето кое доаѓа од Белград и кое се рефлектира преку изјавите на Додик за растурање на Босна и Херцеговина. Во меѓувреме, се појави информација дека шефот на шведската дипломатија Карл Билд, по состанокот во Бутмир, бил во неофицијална посета на Белград за да се состане со претседателот Борис Тадиќ. Токму, Карл Билд, односно шведското претседателство со Европската унија, за Јелко Кацин не може да придонесе за смирување на тензиите во Босна:

,,Се додека е шведското претседателство на чело со господин Билд кој едноставно не е професионален и на ниво на задачата и кој цело време е користен како изговор за она што го прави Република Српска не гледам никаква шанса да се направи напредок во текот на годинава.,,

Вели Кацин кој, оценува дека сето она што го прави Карл Билд било, како што наведува, српска работа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG