Достапни линкови

3 500-тини велешани казнети поради загадување


Смет
Смет

3 500-тини велешани се казнети досега поради непочитување на Законот за јавна чистота, со што по Скопје овој град е втор на листа по изречени казни за загадување. Велешани фрлале отпушоци, смет, хартија и друго на јавно место.

Велешани немаат чувство за хигиена на јавните површини. Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Според бројот на изречени казни, Велес е на второ место меѓу македонските општини, веднаш зад градот Скопје. Во периодот од 12 месеци откако почна примената на Законот за јавна чистота, 3.500 велешани заработиле казна. Фрлале отпушоци, хартија и мастики. Најголем дел од луѓето кои го прекршиле законот за чистота се над 18 години. Но само 350 прекршители на Законот решиле казната да ја заменат со општо-корисна работа во ЈКП Дервен.

„Откако ќе се пријават во претпријатието во рок од 30 дена Комуналното претпријатие ги повикува за да ја извршат работната задача во зависност од потребите на претпријатието и можностите на лицето.Од тие 327 лица , 267 лица ја одработиле казната во текот на
Откако ќе се пријават во претпријатието во рок од 30 дена Комуналното претпријатие ги повикува за да ја извршат работната задача во зависност од потребите на претпријатието
оваа 2009 година.“

Вели портпаролот Тодорка Пенкова Андреева. Многумина казна добиле и оти фрлале градежен шут и земја или оставале смет на места каде е тоа забрането. Казни за прекршување на законот за јавна чистота заработиле и несовесни возачи, го паркирале својот автомобил во близина на контејнер. Прекршителите кои од понеделник до петок се работно ангажирани казната можат да ја одработат за време на викендите вели Пенкова Андреева.

„Доколку лицето има обврски на работното место и неможе на пример да работи од понеделник до петок може да се склучи договор со претпријатието да си ја одработи казната за време на викендите.Сите извршители на казните се распоредени на работни места собирање на смет и сместување на сметот во соодветни контејнери“.

Најголем дел од 3 150 велешани изречената казна за непочитување на Законот за јавна чистота ја платиле на лице место, мал е бројот кој во законски рок ниту платиле ниту се јавиле во ЈКП Дервен, против нив СВР Велес има поднесено прекршочни пријави и сега тие покрај казната која е за трипати зголемена ќе треба да платат и судски трошоци.
XS
SM
MD
LG