Достапни линкови

Македонија нема национален сувенир


Сувенири
Сувенири

Македонија нема автентичен национален сувенир, а недостасуваат и продавници каде што може да се најдат симболите од националното богатство. Според експертите, потребна е промоција на туризмот и изработка на сувенир.

Холандија како национален сувенир ја има кломпата, Хрватска ја има шаховницата, а Македонија нема национален сувенир велат експертите. Во светските метрополи на секој чекор се продаваат сувенири и симболи од националното богатство. Во Македонија нема ни национална продавница за сувенири во туристичките центри велат експертите. Потпретседателот на стопанските комори за туризам Александар Чоневски вели дека прво треба овој проблем да се реши.
Градов порано имаше сувенири со Скопје, Кале, Камен Мост. Таква работа во Скопје нема никаде. Ги изработувам по порачка, рачно, на шпер плоча и ги горам со леткум, ама не е тоа тоа


„Една до две продавници и тие да ги бара човек. Може човек да купи од Македонија маичка или знаме, но за Скопје како град не може да се најде, значи пенкала, привезоци, камо ли карти ако сака човек сам да се грижи и ако не му е потребен водич, не мислам дека има малку, туку воопшто нема.“

Сувенири
Кире Коцев изработува рачно сувенири веќе десетина години во својот дуќан. Коцев вели сега нема каде да ги пласира своите производи, па затоа ги продава на пазар.

„Градов порано имаше сувенири со Скопје, Кале, Камен Мост. Таква работа во Скопје нема никаде. Ги изработувам по порачка, рачно, на шпер плоча и ги горам со леткум, ама не е тоа тоа.“

Туристите и иселениците сакат да купуваат сувенири вели Билјана Ѓура која веќе 20тина години заработува од продажба и производство на сувенири:

„Во Охрид е најмногу и Битола, тие рекордно водат. Има доста печалбари, во Канада, Австралија кои се тука во летниот период.“

Според Државниот завод за статистика само до април годинава во Македонија преноќиле повеќе од 60илјади туристи. Секој да купил по еден сувенир, во буџетот ќе има голем прилив од данокот велат експертите.

Сувенири
„Прво, најголем профит Република Македонија остварува преку данокот на овие производи. Туризмот е еден вид невидлив извоз. Но, тие сувенири мора да бидат изработени во Република Македонија, а некако што се случува во Македонија можеме да најдеме сувенири со различно потекло, каде што прво нашата држава е погрешно напишана.“

вели професорот по маркетинг во туризам Сретен Миладиновски. Експертите сметаат дека треба прво да се промовира туризмот во Македонија, а следа фаза да биде изработка на национален сувенир.За тоа како се прави културен маркетинг најдобро е да се следат чекорите на соседите како Хрватска која преку пенкало и магнет за фрижидер го промовира Дубровник вели Чоневски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG