Достапни линкови

Ќе има ли препорака за преговори во извештајот на ЕК?


Наредната недела Европската Комисија треба да го објави извештајот за напредокот на Македонија. Ќе содржи ли извештајот и препорака за отпочнување на преговорите на земјата со Европската Унија?

Македонската влада очекува, наредната недела, Македонија да добие препорака за почеток на преговорите со Европската унија.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи Петар Чулев вели дека владата направи напори за исполнување на реформите од европската агенда.

,,Очекуваме дека постигнатите резултати ќе бидат валоризирани со позитивен извештај од Европската Комисија што ќе овозможи
Очекуваме дека постигнатите резултати ќе бидат валоризирани со позитивен извештај од Европската Комисија што ќе овозможи донесување на одлука до крајот на оваа година за почеток на пристапните преговори со ЕУ
донесување на одлука до крајот на оваа година за почеток на пристапните преговори со ЕУ."

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија треба да биде објавен наредната недела. Дел од македонските медиуми објавија дека во работната верзија на извештајот е оставено празно место во делот што се однесува на добивањето препорака за почеток на преговорите за членство во Унијата. Медиумите, повикувајќи се на извори од Брисел, објавија дека конечните формулации ќе ги има дури во понеделник, два дена пред објавувањето на извештајот.
Извршната директорака на Македонскиот Центар за Европско образование Лидија Димовска вели дека поминувањето на Лисабонскиот Договор и новата влада во Грција, која веројатно нема да сака да го започне владеењето со ново вето за Македонија, се поволни околности за земјава.

,,Јас мислам дека ќе има препорака. Мојот став е бидејќи реперите беа услови за добивање препорака, Европската Комисија ќе ја даде препораката. Дали советот ќе ни даде датум тоа ќе видиме."

Македонскиот центар за европско образование разработува четири можни сценарија за извештајот на Европската комисија. Според првото, најдобро и помалку веројатно за Македонија е безусловното добивање датум за преговори. Второто сценарио предвидува
Јас мислам дека ќе има препорака. Мојот став е бидејќи реперите беа услови за добивање препорака, Европската Комисија ќе ја даде препораката. Дали советот ќе ни даде датум тоа ќе видиме
отворено вето од Грција, кое како што вели Димовска и не е толку лошо, зашто Македонија ќе знае како стои во поглед на евроинтеграциите. Таа вели дека сценариото кое предвидува премолчано вето од Грција е најлошата варијанта за земјава. Според неа, сепак, најверојатно е дека Македонија ќе добие датум за преговори, но условен со пакет мерки меѓу кои ќе биде и решавањето на името. Македонија веројатно ќе треба да ја повлече тужбата од Меѓународниот суд во Хаг за да покаже волја дека сака да го реши спорот со Грција, вели Димовска.

,,Ако се оди според најдоброто сценарио, ако добиеме датум, процесот на скрининг и на пишување на позитивен извештај од страна на државите членки ќе трае цела година така што ние реално пред 2011 година неможеме да почнеме да преговараме. Таа година додека Комисијата го прави своето за да можат да почнат преговорите ние не го губиме како време туку го решаваме спорот."

Според работната верзија на извештајот, што ја објавија дел од медиумите, треба да се избегнуваат сите акти и изјави кои можат негативно да влијаат врз добрососетските односи.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG