Достапни линкови

Информатиката нема да ги реши проблемите во судството


Воведувањето на информатички технологии, според експертите е позитивен чекор за зголемување на ефикасноста на судовите, но според нив тоа нема да ги реши системиските слабости кои и натаму остануваат главен предизвик во судството.

Воведувањето на информатиката во судовите е чекор напред кон зголемување на ефикасноста на системот, но не е краен чекор кој ќе ги реши проблемите на корумпираност и политизација, посочуваат антикорупционерите и експертите.
Со воведување на електронското работење во судовите, што е дел од проектот Е- Влада, министерот за правда Михајло Маневски очекува зголемување на ефикасноста на судството. Според Драган Малиновски компјутеризацијата на судовите е позитивна:

,,Значи во поглед на воведувањето на информатичките технологии во судството, односно во поглед на ажурирањето во судството по електронски пат, во секој случај тоа е добар исчекор пред се во поглед на транспарентноста и ефикасноста на судството и на тоа треба да се гледа позитивно."

Малиновски додава дека и покрај дигитализацијата на работењето, судството сеуште се соочува со проблеми:
Се разбира тоа ќе овозможи евентуално поголема ефикасност во работењето на судовите, но сите други слабости не се врзани за тоа и остануваат голем проблем за македонското судство


,,Секако тоа не е максималниот дострел кој треба да се направи во овој момент, дефинитивно судството има системски слабости, пред се околу работата на судиите, следењето на нивната работа и квалитетот на судските одлуки."

Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија вели дека воведувањето на информатички технологии во судството е за поздравување:

,,Се разбира тоа ќе овозможи евентуално поголема ефикасност во работењето на судовите, но сите други слабости не се врзани за тоа и остануваат голем проблем за македонското судство."

Ордановски додава дека со досегашните реформи не се решени горливите проблеми во системот:

,,Имаме министер кој важи за еден од најголемите фактори за компликации во судството и тоа е и меѓународно и домашно потврдено, од друга страна човекот не престанува барем еднаш неделно да излегува на прес конференции и да се прогласува за најголем реформатор. Одредени подобрувања навистина има, меѓутоа тешко е да се одделни впечатокот од тоа дека македонското судство е исклучително исполитизирано, дека работи понекогаш на дневно политичка основа, дека самите судии тврдат дека особено пресудите со притворски казни се драконски и понекогаш се ирационално донесувани како резултат на политички потреби итн."

Инаку, за ефикасно и информатички функционално судство се набавени 100 дисплеи, 720 компјутери и 450 мрежни печатачи, како и 150 компјутери и исто толку печатачи за јавните обвинителства.
XS
SM
MD
LG