Достапни линкови

Убедлива изборна победа на ПАСОК


Јоргос Папандреу
Јоргос Папандреу

Грчките социјалисти освоија убедлива изборна победа над конзервативците на премиерот Костас Караманлис. Со над четири петини пребројани гласови, партијата на Јоргос Папандреу ПАСОК има околу 44 насто или 10 поени повеќе од Нова Демократија на Караманлис.

Тоа е најлош изборен резултат на Нова демократија од формирањето на партијата во 1974 година. Партијата на Папандреду освои 160 од 300-те места во Парламентот, што е доволно за формирање еднопартиска влада. Папандреу, чиј татко Андреас и дедо Џорџ исто така беа грчки премиери им се обраи на насобраните симпатизери во Атина.

,,Ние сме тука обединети пред голема одговорност што ја преземаме и што ја преземам, одговорност за промена на курсот на земјата, обединета, полна со човештвото, развој и напредок.,,

Изјави Папандреу чија кампањата се засниваше врз едно ветување дека ќе потроши скоро 4 ипол милијарди долари за економијата. Караманлис пак, се залагаше за построга програма на замрзнување државните плати и на пензиите. Караманлис му ја честита победата, го призна поразот и поднесе оставка од раководството на неговата партија.

,,Постои само еден чесен пат за мене: Ја прифаќам одговорноста за резултатот и ќе започнам процедура за избор на нов претседател на Нова демократија.,,

Изјави Краманлис кој предвремените избори ги распиша на половината на својот втор мандат, под товарот на многубројните скандали во неговата влада и незадоволството од економската криза што ја погоди земјата. Караманлис во 2004 ги доведе конзервативците на власт по скоро дводецинско владеење на социјалистите во Грција. Одѕивот на вчерашните избири бил над 70 проценти од гласачите. Во Грција гласањето е задолжително и покрај тоа што повеќе не се наложуваат санкции за неучество на изборите.Инаку, новиот грчки лидер Јоргос Папандреу е роден во Минесота, каде што неговиот татко Андреас беше универзитетски професор, а студирал на Харвард. Еден од првите кој му ја честиташе победата беше и американскиот претседател Барак Обама. Тој во телефонски разговор ја потврдил важноста на американско грчките односи, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Крис Хенсман.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG