Достапни линкови

Прилепските фирми должат сто милиони денари за придонеси


Прилеп
Прилеп

Некои од прилепските фирми со години не плаќаат придонеси. Од Фондот за пензиско ги посочуваат на проблемите кои при наплатата на придонесите им ги создаваат фирмите кои одат во стечај.

Над 100 милиони денари должи прилепското стопанство на подрачната единица на Фондот за ПИОМ, за неплатени придонеси на работниците со години. Но, како што истакнуваат во подружницата, дел фирми ги искористиле поволностите, го преполовиле
За овие две наши прилепски фирми Еурокомпозит 11 Октомври и Тутунски Комбинат, државата целосно ги намири средствата кои што овие фирми ги должеа по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, така да за 1800 вработени целосно се регулирани заостанатите придонеси, стажот е внесен
долгот,па до крајот на април вкупно платиле околу 14,5 милиони денари, со што им се простени каматите во висина од 4,7 милиони денари.

„За овие две наши прилепски фирми Еурокомпозит 11 Октомври и Тутунски Комбинат, државата целосно ги намири средствата кои што овие фирми ги должеа по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, така да за 1800 вработени целосно се регулирани заостанатите придонеси, стажот е внесен,“

како што истакнува Никола Габроски, референт во подружницата, државата платила 110 милиони за долгот на Тутунски Комбинат и 174 милиони денари на Еурокомпозит, но заедно со пресметана камата.
Според информациите Сигурносно стакло и Прилепец ги искористиле бенефициите и ги платиле заостанатите придонеси за вработените во висина од околу 8 милиони денари, што значи дека во иднина платите за вработените се исплаќаат со придонеси.
Фондот и натаму нуди можност за отпис на каматите при одредени услови:

„До крајот на мај на 10-ина фирми кои го платија долгот 100 отсто, им се отпишани каматите. Од вкупно над 200 милиони денари на заостанати неплатени придонеси, долгот на фирмите е речиси преполовен. Се надеваме дека до крајот на годината и другите фирми ќе ги искористат поволностите за намалување на каматите.“

вели директорката Тања Кусибојоска. Како што истакнува остануваат над 100 милиони денари обврски на фирмите за неплатени придонеси, а најголеми должници се Металец со 60 и Лајф текстил со 6,5 милиони денари.
Во подрачната единица на Фондот се задоволни со зголемената наплата. Сепак тие посочуваат на проблемите кои при наплатата на придонесите им ги создаваат фирмите кои одат во стечај.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG