Достапни линкови

Еницклопедијата го сврте вниманието од ЕУ и НАТО


Последните настани со Македонската енциклопедија и промената на грбот, го пренасочија вниманието на јавноста од важните теми како евроатлантските интеграции.

Евроатланските интеграции и понатаму се приоритет на Македонија, но последните настани со македонската енциклопедија и помената на грбот, го изместија тежиштето од важните теми, велат и политичарите и граѓаните. Непосредно пред извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ и пред конечната одлука за визната либерализација, целата македонска јавност е фокусирана кон „спорните“ толкувања на екциклопедијата. Од опозиционата СДСМ велат дека власта секогаш наоѓа начин како да ги симне погледите од она што е приоритетно за Македонија, а тоа е патот кон ЕУ И НАТО.

„Ние сеуште зборуваме за некакви состојби кои за жал само ни ја уриваат нашата добра полога како држава. Допираат до националните чувства, до етничките чувства на граѓаните што на никому ни му оди во полза. Порано кога не одеа работите во добар правец или се апсеше или се правеа други глупости, а сега во поново време се отвараат други теми.“
Ние сеуште зборуваме за некакви состојби кои за жал само ни ја уриваат нашата добра полога како држава. Допираат до националните чувства, до етничките чувства на граѓаните што на никому ни му оди во полза


Вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
И од коалициониот партнер во Владата на Груевски, ДУИ, велат дека приоритетно за Македонија е влегувањето во ЕУ, но приоритено е и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор.

„Позицијата на Албанците во оваа држава е многу битна. Со настапот на МАНУ мислам дека секако тоа делува на меѓуетничките односи во Македонија и мислам дека тоа не и оди во прилог на државата за позитивен извештај.“

Вели Тахир Хани од ДУИ.
Од владеачката ВМРО- ДПМНЕ велат дека приоритети на партијата отсекогаш биле интеграција на Македонија во евроатланските структури, развој на економијата и подобрување на меѓуетничките односи. А проблемите што се појавија со Македонската енциклопедија ќе се надминат и дека тоа нема многу да влијае на сликата што за Македонија ја има меѓународниот
Сликата на крајот што ќе ја испрати Македонија е дека станува збор едно зрело општество кое што успева да ги совлада проблемите со кои што се соочува
фактор.

„Сликата на крајот што ќе ја испрати Македонија е дека станува збор едно зрело општество кое што успева да ги совлада проблемите со кои што се соочува.“

Вели Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
И граѓаните се согласуваат дека минатото е важно , но дека треба да се гледа кон иднината.

„Од минатото не се живее, се живее од иднината.“

„И она што може да се направи, неможе да се направи затоа што го блокираме самите.“

„Треба да се оди напред.“

Граѓаните им порачуваат на политичарите посериозно да се зафатат со работа за да ја изведат Македонија на вистински пат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG