Достапни линкови

Корупција во приватниот сектор


Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Нулта Корупција
Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Нулта Корупција

Глобалниот корупциски извештај годинава е посветен на корупцијата во приватниот сектор. Според познавачите, приватниот сектор во општества каде што државата е се не може да остане имун на корупција.

Годинава глобалниот корупциски извештај е посветен на корупцијата и приватниот сектор, бидејќи во последното истражување на глобалниот барометар во кој беа поставени и прашања на оваа тема, при тоа имаше показатели дека тој сектор е загрозен од корупција
Тој што е приватен сектор нема многу можност за маневар, мора да се носи со таа ситуација и на коруптивните активности да одговори со своја понуда. За тоа нема мерења, меѓутоа, во држави во кои државата практично се доближува до идеалите на комунизмот кога државата беше се во општеството, не може да ве чуди ако и приватниот сектор се прилагодува кон таквите навики
вели претседателот на Транспарентност нулта корупција Слаѓана Тасева. Сега се прават анализи со цел да се подигне свеста кај луѓето, затоа што овој проблем не е до крај разработен во ниту една земја. Најголемо ниво на корупција има во земјите во развој, каде има експанзија на економијата вели таа.

„Секаде се гледа овој проблем прво од аспект на соработка со јавниот сектор. Значи, секогаш гледаат во другиот двор. Многу малку се зборува за коруптивните односи во бизнис секторот. Претходни договарања, задкулисни договарања, непочитување на правилата за корпоративно работење итн. И затоа идејата и целиот овој извештај е посветен на корупцијата во приватниот сектор.“

Во општество каде државата претставува две третини од се што се случува во неа, не е чудно приватниот сектор да парира на веќе високот степен на корупција во земјава вели Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија. Се додека корупцијата е присутна во разни области, тогаш зошто да ја нема и во приватниот сектор додава тој.

„Тој што е приватен сектор нема многу можност за маневар, мора да се носи со таа ситуација и на коруптивните активности да одговори со своја понуда. За тоа нема мерења, меѓутоа, во држави во кои државата практично се доближува до идеалите на комунизмот кога државата беше се во општеството, не може да ве чуди ако и приватниот сектор се прилагодува кон таквите навики. “

Секоја година Транспаренси Интернешнал издава извештај со степенот на корупција во одредена област, каде што може да има вакви активности и тој е заснован на студии и анализи врз повеќе региони во светот. Минатата година тема беше корупцијата и секторот води. Во ноември пак ќе има конкретни податоци, каде се наоѓа Македонија на скалата корупцијата и приватниот сектор.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG