Достапни линкови

Политика околу енциклопедијата на МАНУ


Лидерот на ДУИ Али Ахмети
Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Според лидерот на ДУИ Али Ахмети потребно е отстранување на сомнежот дека зад енциклопедијата на МАНУ стојат државни и владини институции. Според експертите, нема индиции ниту аргументи дека од политички субјект надвор од МАНУ е извршено влијание врз објавените одредници

Претседателот на Демократсаката Унија за интеграција Али Ахмети изјави дека политичките авторитете во државата треба јасно да се изјаснат во врска со излагањата во енциклопедијата што ја објави МАНУ кои се однесуваат на Албанците со тоа што како што рече ќе
Не би сакал да верувам дека позади оваа политика стојат државни и владини институции зошто навистина ако позади оваа политика стојат државни и владини институции тогаш штетата би била тројна
се отстранат сите сомнежи кај мегународниот фактор, и етничките Албанци дека зад тие текстови не стојат политичките авторитети на државата .

„Не би сакал да верувам дека позади оваа политика стојат државни и владини институции зошто навистина ако позади оваа политика стојат државни и владини институции тогаш штетата би била тројна.“

Во интервју за Радио Слободна европа што ќе се емитува во недела Ахмети рече дека полтичарите треба да се фокусираат на политиката и да се дистанцираат од она што е напишано во текстовите а со тоа што е вистинито а што е невистинито во текстовите да се занимаваат научниците а не политичарите, оценувавајќи дека таквото оградување на полтичарите ќе биде добро за целата ситуација и ќе послужи истата да се надмине.

Професорот Владо Поповски изјави дека апсолутно нема никакви индиции ниту аргументи дека политички
Може да се има забелешки дека одредниците за Албанците за господинот Али Ахмети се непримерни и дека тие поради својата тенденциозност создаваат навреда кај албанската заедница и значи има дел кој е под нивото на професионалноста и на методот на пишување енсиклопедиски одредници. Мислам дека во содржините или во редакцијата на самите тие содржини не може да има удел политичка партија или субјект надвор од академијата.
партии или некој полтички субјект надвор од Академијата има извршено влиајние врз одредниците во енциклопедијата кои се однесуваат на Албанците:

„Може да се има забелешки дека одредниците за Албанците за господинот Али Ахмети се непримерни и дека тие поради својата тенденциозност создаваат навреда кај албанската заедница и значи има дел кој е под нивото на професионалноста и на методот на пишување енсиклопедиски одредници. Мислам дека во содржините или во редакцијата на самите тие содржини не може да има удел политичка партија или субјект надвор од академијата.“

За Поповски од друга страна претходно изнесените оценки од албанскиот политички блока дека енциклопедијата што ја објави МАНУ е политички памфлет е неумерена негативна црна оценка за едно како што рече волуменозно дело.

Политичкиот анлитичар Жидас Дасколовски вели дека не би требало да се верува дека академиците дејствувале од полтички побуди а не од академски побуди

„Меѓутоа реакцијата на партиите Македонија на Албанците е многу политичка во смисла дека тие сакаат или да се забрани или да се укине или да се промени таа енциклопедија и тоа е јасен сигнал дека политиката се вклучува во правењето академски текстови без разлика дали тие се точни или не се точни.“

Во врска со барањето политичарите да се оградат од текстовите Дасаколосвки вели дека е потребна политичка реакција на субјектите од власта и од опозицијата за проблематизираните одредници за да се види дали посто консензус и дали истите се навредливи или не.


  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG