Достапни линкови

Обнова на Блискоисточниот мировен процес?


Белата Куќа соопшти дека претседателoт Барак Обама ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас. До ова ќе дојде на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху и палестинскиот лидер Абас соопштија дека ја прифаќаат поканата. Како што е најавено, претседателот Обама најнапред ќе има одвоени средби со нив, по што би се одржале и заеднички разговори. Средбите следуваат по престојот на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел на регионот во обид да ги премости разликите меѓу двете страни. Соединетите држави и палестинската власт бараат целосно замрзнување на израелските градежни активности на територијата за кој палестинците велат дека им припаѓа на нивната држава. Израелската влада тоа го отфрли и одобри градење на над 450 нови згради.

,,Има уште работа да се направи. Постојат некои работи во кои е постигнат напредок, во некои не. Се надевам дека ќе можеме да го премостиме јазот. Нема причина за одлагање. Ние не сме единствените кои го блокираат почетокот на дипломатскиот процес.,,

изјави премиерот Нетанјаху. На Западниот Брег веќе се градат над две ипол илјади куќи за израелските доселеници. Нетанјаху понуди привремено запирање на градењето за неколку месеци, но не и во Источен Ерусалим или во случаи кога тоа претходно било одобрено. Палестинците велат дека Источен Ерусалим би требало да биде главниот град на идната палестинска држава. Деновиве Абас изјави
Има уште да се направи. Постојат некои работи во кои е постигнат напредок, во некои не. Се надевам дека ќе можеме да го премостиме јазот. Нема причина за одлагање.
дека бил блокиран патот за постигнување напредок во преговорите со израелците.

,,Она што бараат американците е да се почитува првиот член на патот на мапата со кој решително се повикува на запирање на доселувањето. Израелската влада не го сака тоа и затоа не постои заедничка основа за да се продолжи.,,

Изјави палестинскиот лидер Абас од чиј кабинет е соопштено дека ја прифаќа поканата на Обама, но оти средбата би била бесцелна доколку Израел не ја смени својата позиција околу еврејските населби. Пратеникот Мичел оцени дека разговорите во Њујорк се уште еден знак за решеноста на претседателот Обама да се постигне правичен и одржлив мир на Блискиот Исток. Впрочем, како што самиот изјави, тоа е еден од приорититети на неговото претседателствување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG