Достапни линкови

Досега милијарда долари од САД за реформите во Македонија


Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер
Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер

Досега со над една милијарда долари, Соединетите Држави преку разни проекти ги имаат поддржано реформите во Македонија. Инвестирано е во форма на помош на образованието, економскиот развој, судството, полицијата, локалната самоуправа и војската.

Три милиони долари донација се планирани да се потрошат за реновирање на една третина од основните училишта до 2011-та година. Даут Пашиниот Амам ќе добие 54 илјади долари за реставрација. Неодамна Царинската управа доби опрема вредна половина милион долари од Американската Амбасада за да ја се зајакне контролата на границите. Владата на САД досега има вложено над една милијарда долари во реформи. УСАИД во последниве 15-тина години донирале повеќе од 500-тини милиони долари за проекти кои го подобруваат граѓанското општество. Во најголем дел инвестициите се однесуваат на човечки ресурси, во обука на кадар според професионални стандарди.

„Откако Македонија прогласи независност, САД инвестираа повеќе од милијарда долари во форма на помош за образованието, економскиот развој, судството, полицијата, војската и локалните власти.“

Вели директорот на американскиот кабинет за односи со јавноста Рајан Роналд. Ваквите инвестиции и донации се со цел да ги
Откако Македонија прогласи независност, САД инвестираа повеќе од милијарда долари во форма на помош за образованието, економскиот развој, судството, полицијата, војската и локалните власти
привлече компаниите, Македонија да стане поконкурентна на пазарот со подобрена бизнис клима. Неодамна амбасадорот објасни дека САД не може да влијае врз одлуките на амерриканските инвеститори каде да инвестираат туку само може да ги охрабри. Неделава американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер потпиша Меморандум за разбирање за обука на кадри во државната администрација.Преку ваквиот начин на соработка ги учат како да работата професионално, да го задржат своето работно место и после 4 годишниот мандат на владеачаката партија. Македонија има многу напреднато со реформите, но сеуште има предизвици на кои треба да се работи вели Роланд.
„Поконкретно владеењето на правото мора да се зајакне во земјата. Документот што амбасадорот Рикер го потпиша со вицепремиерот Наумовски, е важен чекор напред во нашата програма за билатерална асистенција. Со тоа луѓе што биле обучени со помош на средства од САД, нема да бидат отпуштени од работа поради смена на политичката клима или поради други фактори што не се повразани со работењето. Тоа ќе помогне во професионализација на државните службеници за доброто на сите граѓани во Македонија, исто така ќе се подобри и климата за инвестирање во земјата.“

Од УСАИД годинава обучија 10 илјади наставници за работа со компјутери. 20 милиони долари на американскиот народ годишно одат во проекти поврзани со човекови ресурси.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG