Достапни линкови

Предвремени избори-непотребна авантура?


Експертите се противат на идејата за предвремени избори и сметаат дека тоа би било непотребна политичка авантура и бегање од реалноста, наместо решавање на проблемите како што е спорот со името со Грција, евроинтеграциските процеси и економските прашања.

Сеуште гледана во функција на испробување на пулсот и пробен балон, идејата за предвремени избори аналитичарите ја нарекуваат непотребна политичка авантура. Судејќи според стилот на влечење невообичаени потези од страна на Владата, за експертите не звучи неверојатно ваквата најава, па дури не може да се оспори и нејзината легитимност. Сепак, едногласно ја оценуваат како непотребна и неодржлива од неколку аспекти.

„Тоа секогаш е врзано со трошење на пари,одвлекување на вниманието на јавноста и губење на време од решавање на проблемите. Плус тоа мора да сесреди избирачкиот список, а за тоа сигурно ќе треба повеќе од една година, тоа е сериозен проблем за изборниот процес, така што дефинитивно на Македонија не и требаат предвремени избори.“
Тоа секогаш е врзано со трошење на пари,одвлекување на вниманието на јавноста и губење на време од решавање на проблемите


Вели политикологот Здравко Савевски. Ваков еден потег на Власта би бил незрел и недржавнички, и уште едно обично бегство од реалноста на актуланата власт, вели аналитичарот Имер Исмаили.

„Сега треба да бегаме од реалноста дека имаме спор со Грција, дека имаме внатрешни економски проблеми, внатрешни меѓуетнички проблеми? И на тој начин ќе се обидуваме да го свртиме вниманието на јавноста на избори? Јас сум убеден дека ЕУ и Соединетите Држави нема да му дозволат такви авантури на г-динот Груевски за предвремени избори.“

Вели Исмаили според кого се што е оддалечување од решавањето на горливите проблеми какви што се прашањето за името, евроинтеграциските процеси и лошите економски показатели што би значело евенуалното распишување на предвремени избори е само политичка авантура, која Македонија ја претвора во држава на експерименти. Од друга страна уште едни предвремени избори според експертите не би биле операвдани со ниту една логика, не само државничка туку и внатрепартиска, оттаму што со такви избори власта не може да добие ништо повеќе од бројот на добиените пратенички мандати на ланските избори а од друга страна би морала да се соочи со амбиент во кој опозицијата ги консолидира сопствените редови.
XS
SM
MD
LG