Достапни линкови

Обама побара од Конгресот подршка за реформи во здравството


Обама во Конгресот
Обама во Конгресот
Барак Обама оцени дека големите трошоци за здравствено осигурување се коренот на американскиот буџетски дефицит. Во говорот во Конгресот, Обама повика на реформи во здравството во кои ќе биде вклучена можноста за здравствено осигурување и за оние што го немаат. Според Обама, реформата би чинела околу 900 милијарди долари во наредните 10 години, а парите би се обезбедиле од заштедите во здравствениот систем и од профитите од најскапите здравствени осигурувања. Американскиот претседател побара од сите во Конгресот да го подржат неговиот план.

“Времето на кавги заврши. Времето на игри заврши. Сега е време за акција, сега треба да ги обединиме најдобрите идеји од двете партии и да му покажеме на американскиот народ дека го работиме она за што сме испратени овде”.


Околу 50 милиони американци воопшто немаат здравствено осигурување. Републиканците се против планот на Обама, а има поделба и меѓу демократите. Претставникот на републиканците Чарлс Бустани оцени:

“Замената на сегашното семејно здравствено осигурување со владино, не е решение. Всушност, тоа ќе го направи здравственото осигурување многу поскапо”.

Тој додаде дека со планот на Обама ќе бидат формирани 53 нови владини бирократски единици, ќе биде зголемен буџетскиот дефицит, како и даноците за работодавачите. Обама планира да обезбеди здравствено осигурување за сите американци, да ги намали цените и да ја зајакне економијата.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG